|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Канцеларија за информирање и претставништво на ЕК во Словенија
Европска перспектива на Западниот Балкан
На 10 мај годинава, во Љубљана, Словенија, по повод 9 мај - Денот на Европа, се оддржа дебата на темата „Европска перспектива на Западниот Балкан”, организирана од страна на Канцеларијата за информирање на Владата на Р. Словенија, во соработка со претставништвото на ЕК во Р. Словенија. Присуствуваа околу 50 учесници на граѓанскиот сектор од земјите на Западниот Балкан и Словенија, а Македонија ја претставуваше Тања Хафнер-Адеми од Македонскиот центар за меѓународна соработка. Воведничари беа и Стево Мук, ЦРНВО (Црна Гора); Миодраг Схреста, Група 484 (Србија); Ахмед Туркич, директорат за ЕУ интеграции, Совет на министрите (Босна и Херцеговина); и Борут Гргич, Институт за стратешки студии (Словенија).
Целта на дебатата беше запознавање на заинтересираната словенечка јавност, а пред с$ на претставниците од владиниот сектор, со ситуацијата и преспективите во рамките на интеграциите во ЕУ на земји од Западниот Балкан. Секој претставник ги презентираше клучните проблеми во својата земја. Во Црна Гора тоа се потребата од поголема поддршка на ЕУ во областа на административните реформи, медиумите, борбата со корупцијата и медиумите. Претставникот на Србија го презентираше проблемот со визниот режим и ситуацијата со којашто земјите од Западниот Балкан стануват „црна дупка” опкружена со членки на ЕУ и со шенгенскиот визен режим. Претставникот на БиХ (единствен што го претставуваше владиниот сектор) ја презентирше состојбата со преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоциација коишто БиХ ги започна на крајот на минатата година и растечкиот оптимизам поврзан со нив.
При презентирањето на состојбата во Македонија, беше направен осврт на потребата од што побрз пристап до претпристапните фондови и инструменти на ЕУ, со цел Македонија (како и другите земји) да се соочи со структурните проблеми и со генералните и нереалните очекувања на граѓаните за брзината и придобивките од членството во ЕУ.
Претставникот на Словенија во поголема мера стратешки се осврна на позицијата на земјите на Западниот Балкан коишто немаат друга алтернатива освен интеграција во ЕУ, а ја заблежа и можноста Словенија да фацилитира во олеснувањето на визниот режим, да помогне во развојот на човековиот капитал потребен во процесот на ЕУ и со конзистентната надворешна политика од регионот.
Од дебатата произлезе заклучокот дека нема алтернатива за интеграциите во ЕУ на земјите од Западниот Балкан, кои мора да се случат што поскоро и не смеат да зависат само од внатрешната динамика на ЕУ. Претставниците на владините институции од Словенија, како и нивните претставници во инситуциите на ЕУ, изразија подготвеност да соработуваат и да помогнат во процесот.
Т. Х. А.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|