Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Животна средина

   

Одбележан денот за акција против отпадот и инсенерацијата

Нулти-отпадоци, основа за поздрава околина

Граѓаните на повеќе од 45 држави и го­ди­нава го одбелжаа 7 септември, глобал­ниот Ден за акција против отпадот и инсенерацијата. Тие упатија гласно ба­ра­ње за иновативни и еколошки реше­нија што ќе се однесуваат на растечкиот волумен и токсичност на отпадот.  

И македонската граѓанска организација “Еко свест” се вклучи во глобалната кам­па­ња преку подигнување на јавната свест на локалното население за пробле­ми­те со отпадот во Македонија. Во текот на една седмица од страна на над 200 гра­ѓански коалиции беа организирани активности за информирање на јавноста, дијалози со заедниците, собири и сред­би со владини претставници. Гра­ѓан­ските организации покренаа иницијатива за за­­мена на штетните инсенератори и спре­чу­вање на отпадот на самиот извор на создавање, за намалување и отстранува­ње на токсичните материи, за зголемување на одговорноста на про­из­во­­ди­те­ли­те и интензивирање на рециклирањето и компостирањето.

“Одржливото управување со отпадот е еден од приоритетните проблеми што тре­ба да се решат во нашата земја. Гра­ѓа­ни­те треба да се информираат за вред­нос­та на отпадот што го фрлаат секојдневно и за принципите редуцирај, реупотреби и рециклирај. И властите би тре­­ба­ло да направат повеќе за ова прашање, особено за создавање услови за сепарирано собирање и рециклирање на отпадот”, рече  Марија Јанковска од Еко свест.

Кам­пањата по повод глобалниот Ден за акција против отпадот веќе четири години е координирана од ГАИА, Глобалната алијанса за алтернативи на инсенерацијата, која е непрофоитна мрежа составена од граѓански здруженија и индивидуалци. Алтернативите за нулти-отпадоци ги намалуваат негативните здравствени ефекти, придонесуваат кон одржливо ис­ко­ристување на ресурсите и кон гра­де­ње на локалната економија.      

С.Н.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA