Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 27 Мај 2003  Погледи

Погледи

Добро владеење и еднакви можности
 

Според мене, неоспорен факт е процесот на созревање на секторот на НВО и граѓанското општество во РМ, а со тоа и стекнувањето поголемо влијание врз оп­штествените текови. Процесот на спе­ција­лизација на НВО е во тек каде што НВО се фокусираат на конкретни проблеми и актив­ности. За жал, феномените на актив­ностите “mones driven” за стек­нување и преземање туѓи проекти и идеи се' уште се и ќе бидат присутни, но и тоа е дел од развојот. Граѓаните за граѓаните од самото фор­мирање и почетната идеја, како и од спро­ведените активности се фокусира на про­мовирање принципи и практики што значи добро владеење (гоод говернанце). 

Владеење

Наједоставно речено, владеење претставува процес на одлучување и спроведување (или неспроведување) на одлуките. Значи, вла­деење претставува процес преку кој се донесуваат одлуки и истите се спроведуваат. Треба да се споменат и формалните и неформалните учесници во тој процес .

Едни од учесниците во процесот на владеење се владата и локалната самоуправа. Други неформални учесници во владеењето вари­раат во зависност од развојот на оп­штес­твените односи: влијателни земјо­сопстве­ници, струкови здруженија, невладини организации, истражувачки институти, религиозни водачи, финансиски институции, политички партии, војската и други. На национално ниво уште се вклучуваат и медиумите, разни лобисти, меѓународни донатори, мултинационални корпорации, коишто можат да се јават како клучни одлучувачи или како фактори што влијаат на одлучувањето. Не смеат да се заборават ниту разните криминално организирани групи и синдикати.


Добро владеење

Доброто владеење (гоод говернанце) прет­почита применување повеќе принципи: владеење на правото, транспарентност, одговорност, ефикасност и отвореност, учество и вклученост. Примената на овие принципи создава услови за намалување на можностите за корупција, како и за вклу­чување на малцинствата и создавање услови и маргинализираните групи да го изразат своето мислење во процесот на одлучување. Доброто владеење одговара на мо­мен­талните и идните потреби на оп­штеството.

Одговорност

Промовирањето на принципите на добро владеење беше и последната активност иницирана и организирана од Граѓаните за граѓаните како јавна дебата за одговорност на носителите на јавни функции, при што го истражувавме феноменот на одговорност во република Македонија.

И законите и експертите велат дека проце­дурата за утврдување одговорност е подед­наква како за носителите на јавни функции, така и за обичните граѓани. Покрај кри­вичната, постои и морална одговорност, како за сторени дела, така и за несторување.

Секој мора да се соочи со одговорноста којашто му следува. Колку е поголема функцијата, толку е поголема и одговорноста, пред се' моралната одговорност. Тука доаѓа­ме и до концептот на стручност и ком­петентност. Несоодветните решенија коишто не го задоволуваат овој критериум нај­веројатно не ја чувстуваат и соодветната тежина и одоговорност.


Реформа на јавната администрација

Јавна и државна администрација. Мораме да ги разликуваме овие два термини, иако и двата се финансираат од буџетот, односно од даноците коишто ги плаќаме. Државна администрација ги обавува функциите на државно управување. Во Македонија др­жавните службеници се во надлежност на Агенцијата за државни службеници и ги има 14.400 од вкупниот број 128.000 вработени во јавните претпријатија. Постоечките институции и организации (синдикатот и агенцијата)  ги штитат правата на вра­ботените во администрацијата, но кој ги штити граѓаните? Каде се правата на гра­ѓаните на професионална и ефикасна упра­ва?

Преголемата администрација ја шмука и непродуктивно ја троши акумулацијата на развојната енергија на општеството за исплата на плати. Сметаме дека вра­бо­тувањата во јавната администрација не се решение на проблемот на невработеност, туку само го продлабочуваат неа. 500.000 евра, колку што е зголемена буџетската по­тро­шувачка за плати во однос на 1998 г., доколку се искористат правилно за ефтини кредити, секако дека можат да поттикнат развоен циклус и да создадат реален економски развој, вра­ботуања и поголем доход во буџетот. 


Што можат да сторат граѓаните?

На процесот на одлучување граѓаните влијаат преку свои претставници или директно, особено преку организирани форми и НВО. Само организирани НВО можат да ги охра­бруваат процесите и да вршат притисок.

Институт Омбудсман. Во развиените демо­кратии годишниот извештај на омбуд­сманот будно се следи од јавноста. Секое негативно спомнување во таквиот извештај претставува многу сериозна причина за загриженост на државната и на јавната администрација.

Би посочил некои позитивни и успешни активности:
- Граѓански глас за притисок врз Телекомот против покачувањето на цените (сметам дека мора да се продолжи со активностите и тие да се интензивираат) - добар пример за сора­ботка со медиумите;
-  Пролетна трка штафетен маратон Тетово - Скопје, организирана од ОБСЕ. Тие што не учествуаа пропуштија голема можност за дружење и симболична поддршка на хумани идеи и вредности.

За етничките заедници

Не смееме процесот на соодветна и про­порционална застапеност на етничките заедници да го оставиме како табу-тема. Тоа мора да биде еден отворен и транспарентен процес каде што повторно основен принцип Ќе биде компетентноста и стручноста, на сметка на партиската припадност и лојалност. Повторно се враЌаме на принципот на добро владеење и на принципот на еднакви мо­жности под еднакви услови. Одговорноста на носителите во процесот на одлучување не е само кон оние коишто гласале за нив, туку и кон оние граѓани кои имале поинакво ми­слење и кон неопределените.  

(Заге Филиповски е поранешен извршен директор на Коалицијата „Граѓаните за граѓаните“. За текстот можете да комен­тирате на веб-страницата на „Гра­ѓаните за гра­ѓаните“, www.c4c.org.mk ).

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 27 Мај 2003
Број 27 Мај 2003
Настани
Календар
Балкан експрес
Европа
Свет
Публикации
Луѓе
Историја на граѓ. опш.
Тема
Интервју
Погледи
Коментар
Форум
Концепти
Појмовник
Q&A
Претставување
Избор
Број 27 Настани Прославен Националниот ден на Власите
Број 27 Настани Десет “демократски” тетратки
Број 27 Настани Трчачка мировна манифестација
Број 27 Луѓе ДАНИЕЛА СТОЈАНОВА
Број 27 Тема ГраѓАнските ЗдруЖЕнија Пред Нов Предизвик Со ПоддршКа На ДржАвата
Број 27 ИНТЕРВЈУ ФАБРИС ДЕ КЕРХОВ
Број 27 Форум Дали можеме самите?
 

©MCMS - designed by KOMA