Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Интервју

   

САШО СТОЈКОВСКИ, НАНСЕН ДИЈАЛОГ ЦЕНТАР

Промовираме дијалог за ненасилно разрешување на конфликтите

Дијалогот е една од алатките за ненасилно разрешување на кон­фликтите што ги промовира НДЦ Скопје во своите активности. Во секоја од активностите се вклучени претставници од етничките заедници во Македонија, половата и тери­торијалната застапеност, вели Сашо Стојковски
Маријана Иванова

 

Сашо Стојковски е дипломиран професор по одбрана и заштита и студент на постдип­ломски студии во “Балкански центар за мир”. Работното искуство го започнува во Балкан­скиот центар за мир каде што работи една година на постдипломските студии како секретар, а истовремено работи и како асистент на проектот на УНЕСКО - Култура на мирот.

Тој е еден од основачите на Нансен дијалог центарот во Скопје во 1999 година, каде работи како проект-координатор на про­грамата за млади политичари. 

 
Г.С. - Што е Нансен дијалог центарот? Каков вид организација е и која е нејзината мисија? Како е основана и од кого?

С.С. - Нансен дијалог центарот Скопје е невладина организација, дел од “Балкан дијалог проектот”  на Академијата Нансен  во Лилехамер и Институтот за истражување на мирот во Осло. Во рамките на проектот од 1999 година до денес отворени се 9 кан­целарии (Скопје, Приштина, Митровица, Белград, Подгорица, Мостар, Сараево, Бања Лука и Осијек) кои наедно ја сочинуваат мрежата на Нансен на Балканот, а финан­сиската поддршка доаѓа од Минис­терството за надво­решни работи на Кралството Норвешка.

Нансен дијалог центарот Скопје офи­цијално почна со работа во јануари 2000 година на програмата наречена “Програма за градење мир” која во себе содржи три потпрограми: за млади политичари, за средношколци и за соработка со невладини организации.

За реализација на програмата во НДЦ Скопје се вработени 4 проект-коорди­натори, еден асистент, еден смет­ко­водител и еден адми­нистратор.

Мисијата на НДЦ Скопје се заснова на следново: поддршка на развојот на гра­ѓанското општество преку стимулирање на процесите на дијалог помеѓу индивидуите и социјалните групи во општеството; промовирање на вредностите на мирот и ненасилното разрешување на кон­флик­тите; поддршка и зајакнување на меѓу­културната размена помеѓу различните културни заедници што живеат во Маке­донија; градење мрежа од активисти за поддршка и реализација на активностите на НДЦ Скопје.  

 
Г.С. - “Дијалог” е очигледно клучен збор, содржан и во името на Центарот. Каков вид дијалог спроведувате?

С.С. - Дијалогот е една од алатките за ненасилно разрешување на конфликтите што ги промовира НДЦ Скопје во своите активности. Во секоја од нашите актив­ности имаме во предвид да бидат вклучени прет­ставници од етничките заедници во Маке­донија, половата и територијалната заста­пеност, а за големината на групата и вре­метраењето на активноста, нормално, зависи од  финансиските можности и оптималните услови за работа со група.

За да дојдеме до сесија на конструктивен дијалог, потребно е да се исполнат неколку услови за коишто е потребно одредено време, како што се:  симнување на искри­вените перцепции едни за други, сте­реотипите и предрасудите; намалување на емоциите...

Преку градењето на комуникациските веш­тини: доверба, искреност, емпатијата, раз­бирање, говор на телото, играње улоги, самокритичност, критичко размислување може да се очекува процес на добар дијалог. Да не ги изоставиме и  (пар­тиските)  ставови,  средината во која живееме, традицијата, културата кои имаат влијание во самиот процес.

Нормално да се дојде до сето ова потребно е одредено време, во зависност од целна група со која работите, вештините кои ги поседува фацилитаторот,  и начинот и методите по кои работи.

Слободно можам да кажам дека акцент ставаме и на дружењето (соци­јали­за­цијата) по сесиите или предавањата на кое пре­­давачите од запад му даваат големо значење, а наедно и кај нас се покажа како ефективно.

 

Г.С. - Какви резултати произлегуваат од таквите активности?

С.С. - Резултатите секогаш се различни, зависно од тоа колку самата индивидуа е спремна да го прими и примени она што се работи на работилниците, способноста да прифати факти, аргументи, ставови и раз­мислувања од другата страна и нормално подобрување на критичкото размислување пред градење сопствени ставови за одре­дена работа. 

Поконкретни резултати можам да пре­зентирам од програмата за млади поли­тичари на којашто работам, каде што по сесиите на дијалог за најчувствителните прашања, како што се вооружениот конфликт во Македонија и Рамковниот дого­вор, нивните одговори и коментарите, во евалуациите што на крајот од секоја реализирана активност ги даваме, пишува: позитивни промени, нови сознанија, веш­тини, начин на размислување...

Еден од визуелните резултати е про­дол­жувањето на соработката и само­ини­ци­јативноста за дружење на учесниците по завршувањето на активноста, без разлика на етничката и партиската припадност.

 

Г.С. - Кои се позначајните проекти спро­ведени од Нансен дијалог центарот?

С.С. - Во досегашната четиригодишна работа НДЦ Скопје има реализирано повеќе од 80 семинари, неколку трибини, кон­церти, екскурзии итн. Би ги издвоил “Школата за млади политичари”, “Курсот за развој на управување” и “НВО парламент”.

Проектот “Школа за млади политичари” е активност на НДЦ Скопје која за прв пат почна да се реализира оваа година и во неа учествуваат 20+20 учесници од 9 поли­тички партии во Македонија. Школата беше орга­низирана два пати оваа година и траеше по 18 дена. Во неа учество зедоа професори од Правниот и Економскиот факултет, про­фесори од странство, но­винари - тренери, како и други локални тренери. Беа опфатени теми од еко­номијата, правото, ЕУ и ООН, дијалог и идентитет, ненасилно разрешување на конфликти и обуки за односи со меди­умите.  Во вториот дел (септ.-окт.) како гости предавачи беа г-ца Радмила Шеќе­ринска,

г. Васил Тупурковски, Абдулменаф Беџети, амбасадорот на Кралството Норвешка, претставници Комисијата на ЕУ во Маке­донија и други.

Целта на овој проект е преку неформална едукација на младите политичари стек­нување нови сознанија и вештини од обла­с­тите на горенаведените теми, подо­брување на меѓупартиската соработка и пренесување на знаењата во нивните партии. Од групата регру­тираме дел од учес­ниците кои проја­вуваат интерес за одре­ден предмет, кои со до­пол­­нителни обуки стануват тре­нери и работат на реали­зација на програмата на НДЦ Скопје.

За следната година ги зго­лемуваме актив­ностите во оваа потпрограма и плани­раме да бидат реализирани дополни­телни регио­нални шко­ли за млади поли­тичари во Маке­донија и во Нор­вешка.

Во контекст на овој проект би додал само дека со дел од учесниците во школата изра­ботивме ра­ботил­ници “Обука за менаџери на изборен про­цес” во кои тие се ангажирани како обучувачи. 

 

Г.С. - Нансен дијалог центарот, следејќи го животното кредо на човекот чие име го носи, промовира идеја за мир, толеран­ција, почитување на човековите права. Колку тоа може да биде успешно во општество какво што е македонското, денес?

С.С. - Кога би го зеле фактот колкав е бројот на луѓе и организациии во Македонија што професионално се занимаваат со овие теми во споредба со земјите од запад, про­центуално, ние сме многу далеку од она што е потребно во македонското општество. Генерално гледано, најголемиот дел од ваков вид едукација го вршат мал дел од невла­дините организации, по нешто на одредени факултети и меѓународните организации. За разлика од запад, темите како што се мирот како вредност, миро­љубивото разрешување конфликти, чове­ковите права, толеран­ци­јата, над­мину­вањето на разликите, кому­ни­ка­цис­ките вештини, Европската Унија..., можете да ги видите преку игри во детските градинки до институти и факултети за истите. Како многу важен фактор кој не смееме да го изоставиме е економската состојба на државата и инвестирањето од страна на државата во неформалната квалитетна едукацијата. Досега фактите зборуваат дека ваквиот вид едукација за горе­наведените теми најголемиот дел од нив се реализирани со финансиска поддршка од странство. И, трет фактор е политиката. Големиот број политизирани граѓани не можам да кажам дали е добра или лоша работа за едно општество, но тврдам дека однесувањето и изјавите на лидерите на политичките партии има големо влијание во креирањето пози­тивна или нега­тивна политичка, без­бедносна и социјална клима во државата, што директно имаат влијание врз рабо­тата не само на НДЦ Скопје, туку и врз сите граѓани.  Појавите како што се нацинализмот, сепара­цијата, насил­ството, несигур­носта, стравот, непо­читу­вањето на човечкиот живот како најголема вредност се појави што ни’ враќаат со години назад, а ние како граѓани мораме да почнеме да градиме одбранбени механизми и методи како да бидат минимизирани, а во исто време да даваме конкретен придонес во градење едно цврсто и здраво  оп­штество какво  што го имаат скан­ди­нав­ските земји

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA