|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
РЕЦ
Проценка на влијанијата врз животната средина
Во рамките на проектот “Поддршка на македонскиот правен систем преку вклучување на меѓународните процедури за оценка на влијанието врз животната средина”, финансиран од Јапонскиот специјален фонд, на 22/23 јануари во Скопје се одржа средба на која се разговараше за овој проблем. Проектот го спроведува Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа – РЕЦ, а на средбата присуствуваа претставници на владини органи, невладини организации, институции и бизнис-секторот.
Целта на оваа средба е да се презентира сегашната состојба за спроведување на процедурите за оценка на влијанијата врз животната средина и да се исползуваат искуствата однадвор, за поуспешно креирање домашна законска регулативе како обврска во рамките на прилагодувањето на законодавството кон стандардите на ЕУ. Законот за проценка на влијанијата врз животната средина е акт кој наскоро во овој контекст ќе мора да го донесе и Македонија.
М.И.
|
|
|
|
Демократија и човекови права |
СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА
Да победам, или да бидам храбар обидувајќи сеНа 17 декември минатата година, во Скопје се одржа основачкото собрание на Специјалната олимпијада, која сега веќе е регистрирана како здружение на граѓани. Ова здружение е основано од група ентузијасти, кои имаат за цел да помогнат во интеграцијата на лицата со интелектуална попреченост во општествениот живот. Својата цел тие ќе се трудат да ја постигнат преку спортско ангажирање на овие лица. |  |
| „Пријатели на Македонија“
Регионален камп за демократија - општина Зелен ГрадГраѓанската организација „Пријатели на Македонија“, по втор пат, го организира „Регионалниот камп за демократија - општина Зелен Град“, кој се одржа во средношколскиот интернат „Боро Менков“ во Крива Паланка од 13 до 22 јануари 2003 година. Целта на кампот беше преку едукативен интерактивен процес на симулација да се стекнат знаења за функционирањето на локалната заедница. |  |
|
ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Информативни точки…Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, во рамките на својата Информативна работна програма, започна процес на отворање на информативни точки на ЕУ во рамките на постојните општински центри за информирање на граѓаните. |  |
ЗДРУЖЕНИЕ НА ТУРЦИТЕ „ЧЕЛЕБИЈА“
Битола, бабам Битола
 Во рамките на проектот Битола, бабам Битола, што го спроведува Здружението на Турците „Челебија“ од Битола, на 24 јануари годинава, во овој град се одржа трибина на тема „Културните вредности на Битола“, на која воведничари беа г. Ѓунер Исмаил и г. Иван Додовски. |  |
| ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Средби меѓу граѓаните и пратениците од ИЕ 1Во општината Кисела Вода почна да работи Канцеларија за комуникација меѓу граѓаните и парламентарците кои беа кандидати во изборната единица 1 – г. Зоран Шапуриќ, г. Игор Ивановски, г-ѓа Каролина Ристова и г-ѓа Благородна Мингова-Крепиева. |  |
|
|
|