Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 66

   

концепти

ПОЗНАВАЊЕ И СТАВОВИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
 

Граѓански свет во бројот 64 ја започна презентацијата на делови од публикацијата Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија што ја издаде Македонскиот центар за меѓународна соработка. Публикацијата е всушност извештај направен на основа на две анкети и резултати од четири фокус групи. Анкетите и фокус групите ги спроведе Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Публикацијата во пдф формат е достапна на www.mcms.org.mk. 

Истражувањето за довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија го адресираше и познавањето и ставовите за конкретни граѓански организации и личности од граѓанскиот сектор.

Покрај општото познавање на граѓанските организации испитувано е и познавањето на граѓанските организации кои работат во три области: борба против сиромаштијата, развој на граѓанското општество и борба против корупцијата.          


Општо познавање на граѓанските организации

Општото познавање на граѓанските организации во Македонија најпрвин е истражувано барајќи од испитаниците да наведат организации без да се потсетуваат или да им се даваат примери.
 

Графикон 1. Наведете до три граѓански организации кои ги познавате:

 

Големо мнозинство од испитаниците знаеле да наведат конкретни организации (67,2%).

Анализирајќи кои организа-ции се најчесто наведувани, треба да се има во вид дека истражувањето е извршено пред почетокот на изборната кампања за парламентарните избори 2006, што може да е причина на листата високо да бидат организации кои имале активности поврзани со изборите. Почесто спомнувани организации се и оние кои постојат подолг период (повеќе од 10 години), кои имаат меѓународен карактер, кои се мрежи и чадорски организации, организации со помасовно членство и органи-зации кои работат на национално ниво.

Кај одделни граѓански организации етничката припадност има влијание врз познавањето. Така има граѓански организации кои се спомнувани во најголема мера или пак исклучиво од припадници на една етничка група. Ова зависи од целната група на организациите.

Ако направиме профил на просечен познавач/непознавач на граѓанските организации може да се констатира дека полот, етничката припадност и политичката определба немаат влијание. Но, забележителна е разликата во однос на образованието, односно тие со високо и со вишо образование многу повеќе го познаваат граѓанското општество (само 16,5% не знаат да наведат конкретна граѓанска организација) од оние без основно образование (дури ­67,7% не знаат да наведат граѓанска организација). Испитаниците без образование, а кои имаат одговор (познавачите) најчесто (50%) наведуваат организации главно со социо-хуманитарен карактер, додека со зголемувањето на степенот на образование се зголемува познавањето на организации и од друг тип. Возраста исто така има влијание, па така подобри познавачи се младите од 18-30 години (26,3% не навеле граѓанска организација) од повозрасните над 65 години (45,1% не знаеле да наведат конкретна организација). Вработените во јавниот сектор и оние со повисоки месечни примања се подобри познавачи на граѓанското општество, од земјоделците и неактивните граѓани и од оние кои имаат месечни примања до 2,000 МКД по член од семејството. Урбанизацијата и регионот исто така имаат влијание. Оние кои живеат во кумановско и штипско знаат повеќе од оние што живеат во струмичко и Пелагонија, што одговара и на бројот и нивото на активност на граѓанските организации во овие региони. 

 

Табела 1. Профил на познавачите на граѓанските организации

 

 

 

 

 

Графикон 2. Сум слушнал/знам за:

 

Одејќи од општа информираност (слушнале) кон познавачи (знаат) за секоја од органи­зациите бројот значајно опаѓа, односно за повеќето истиот се преполовува.

И во однос на информираноста и во однос на познавањето, највисоко на листата се етаблирани организации со најдолга историја и организации кои работат на национално ниво. Можно е експонираноста во медиумите исто така да има влијание.
 

ЗАКЛУЧОК

Корелација на познавањето на граѓански организации со социјалните показатели

Полот, етничката припадност и политичката определба не се во корелација со општото познавање на граѓанските организации, но другите социјални показатели: образование, работен статус и месечни примања имаат влијание. Исто така возраста, урбанизацијата и регионот се поврзани со познавањето на граѓанските организации.

Познавачите на граѓанското општество се припадници на средната класа т.е. се подобро образовани, живееат во град, вработени се во јавниот сектор, имаат повисоки месечни примања и во просек се помлади.

Корелација на познавањето на граѓански организации со профилот на организациите

Колку граѓаните на Македонија знаат одделни граѓански организации е поврзано и со профилот на организациите, и тоа пред се со нивото на делување (локално/национално) и сектор на делување. Граѓаните покажуваат подобро познавање на организации (и нивни лидери) кои работат на национално ниво и кои покриваат сектори и целни групи за кои граѓаните се поподготвени да даруваат (види ВИ Добротворство).

Покрај тоа можно е влијание да имаат и повеќе други фактори: нивото на активности на организациите, посебно пред и во периодот на истражувањето, времето на постоење и експонираноста во медиумите.


Сунчица Саздовска
Раководител на одделението за граѓанско општество и демократија, МЦМС


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA