|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Можност за непрофитните организации За успех во собирање средства, награда од 5.000 долари
Фондацијата за развој на граѓанското општество Унгарија (ЦСДФ Унгарија) и Фондрајзинг компетенс груп Гмбх (Фундраисинг Цомпетенце Гроуп ГмбХ), воведуваат нова награда за прославување на успехот на собрани средства во последните години и за промовирање на најдобрите практики на новите непрофитни сектори во Централна и во Југоисточна Европа (ЦЈЕ). Целта на оваа иницијатива е да ја подвлече неопходноста од собирањето средства од поединци за кредибилитетот, независноста и одржливоста на непрофитните организации. Добитникот ќе биде награден со 5.000 американски долари, а парите ќе може да ги искористи за различни организациски цели. Подобни за наградата се сите организации од ЦЈЕ и новите независни земји, регистрирани единствено како непрофитни, а кои во периодот помеѓу 1 февруари 2003 година и 15 септември 2005 година воделе најмалку една кампања за собирање средства. Организациите треба да го пополнат и испратат формуларот за аплицирање по електронски пат на адресата: ањардЖцсдф.ху, најдоцна до 17.10. до 16 часот)
Во организација на ЦСДФ Унгарија и Ресурс алијанса (Ресоурце Аллианце), од 08 до 11 ноември 2005 година, во Будимпешта, ќе се одржи 10-тата работилница за собирање средства на Централна и за Источна Европа. Работилницата претставува регионален форум за подобрување на капацитетот на непрофитните организации за мобилизирање средства и ресурси за свои цели. Церемонијата на наградување ќе се одржи на завршната пленарна седница на овој настан. За повеќе информации, посетете ја конференциска веб-страница: www.csdf.hu/worlshop2005 или http://www.ctf.hu/index.d2?target=open&id=87&languag
Награда “д-р Ерхард Бусек СЕЕМО 2005” Бранкица Петковиќ добитничка на наградата за разбирање
Организацијата на медиумите од Југоисточна Европа СЕЕМО од Виена, која претставува мрежа на уредници, медиумски директори и водечки новинари од овој дел на Европа, наедно и огранок на Меѓународниот институт за медиуми, & ја додели наградата за подобро разбирање во Југоисточна Европа - “д-р Ерхард Бусек СЕЕМО 2005” на Бранкица Петковиќ, шеф на Центарот за медиумска политика при Институтот за мир од Љубљана, Словенија, и главен и одговорен уредник на печатените верзии на Медија воч (Медиа Њатцх) и Медија воч журнал (Медиа Њатцх Јоурнал). Таа наедно е и автор на голем број статии за медиумското претставување на малцинствата, со посебен фокус на ромското малцинство во Словенија. Петковиќ, која работи како новинар од 1986 година, е избрана поради нејзиното долгогодишно новинарско работење во Југоисточна Европа. Една од главните причини за наградата е улогата на Петковиќ во напорите да се подобри статусот на малцинските групи и граѓаните во медиумите во Југоисточна Европа, работа која резултирала со подобро разбирање на малцинствата во регионот и подигнување на свеста за нивните проблеми. Новинарката работела и како обучувач на курсевите наменети за новинари Роми. Наградата од 2.000 евра му се доделува секоја година на по еден новинар, уредник, медиумски директор или на личност која едуцира новинари во Југоисточна Европа, кои преку медиумите промовираат атмосфера на подобро разбирање меѓу луѓето во регионот и работат на конечното ставање крај на проблемите со малцинствата, етничките поделби, расизмот, ксенофобијата итн.
Повик за апликаци Пракса во Европскиот центар за малцински прашања
Европскиот центар за малцински прашања (ЕЦМИ) од Фленсбург, Германија, прибира апликации за позиција на стажисти во различни периоди: од јануари до март (краен рок: 30.09.2005 г.); од април до јуни (краен рок: 31.01.2006 г.); од јули до септември (краен рок: 30 април 2006 г.); од октомври до декември (краен рок: 31 јули). Работните места на стажистите не се платени и обично траат три месеци. Тие ќе бидат сместени во седиштето на ЕЦМИ во Фленсбург, или во локалните канцеларии во Тблиси, во Приштина и во Скопје.
Центарот посочува дека стажистите ќе учествуваат во истражување и администрација на тековни проекти на ЕЦМИ, под раководство на одговорен истражувач на ЕЦМИ. Во зависност од профилот, стажистот ќе може да работи во следните области: акцискоориентирани проекти; електронски мапи; право; и, публикации. Заинтересираните можат да аплицираат доколку испратат писмо за аплицирање со препорака на програмата, кратка биографија и контакт. За сите прашања, пишете на електронската адреса на Мај-Брит Рисбјерг Хансан на: хансенЖецми.де
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|