Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 44 Декември 2004

   

Фондовите на Европската Унија (4)

Фондовите во Македонија и ЕУРОПЕАИД


Како се управува со фондовите на ЕУ за Македонија?
Доделувањето и управувањето со фондовите на ЕУ за Македонија се одвива преку различни канали, во завис­ност од тоа дали тие се концентрирани или деконцентрирани. Кон­центрираното управување се однесува на фондови кои се упра­вувани директно од Европската комисија во Брисел. ДГ одговорни за управување со односите со Македонија (во моментов ДГ Релекс, за време на претпристапувањето ДГ Про­ширување) се задолжени за развој на политика, стратегија и изготвување програми поврзани со помош, како на пример КАРДС. Канцеларијата на ЕуропеАид (ЕуропеАид) е одговорна за управување со проектниот циклус (види табела 1 подолу)

Табела 1: Поделба на одговорностите помеѓу ДГ Релекс и канцеларијата на ЕуропеАид 

Извор: ЕУ Бондмд веб-сајт  (хттп://њњњ.бонд.орг.ук/еу/ецаидструцтурес.хтмл)

За Македонија, фондовите на КАРДС наменети за царинскиот сектор во програмата ТЕМПУС, како и оние доделени преку регионалните програми на КАРДС и буџетната линија на ЕИДХР се централизирани во Европската комисија. Останатите делови од програмата КАРДС, како и помошта наменета за поддршка на имплементацијата на Рамковниот договор се доделуваат и управуваат од страна на Европската агенција за реконструкција во Македонија. Ова е таканареченото деконцентрирано упра­вување со фондовите на ЕУ при што одлуките на ниво на изготвување програми с$ уште се третираат во ЕК во Брисел, додека пак самото управување со проектниот циклус се врши во Македонија, т.е. во земјите кориснички. Видот на управувањето со фондовите ја определува централната точка каде ин­формациите во врска со можностите за финасирање се достап­ни, како и за соработката во имплементацијата на фондовите на ЕУ, како такви.

Што претставува Канцеларијата на ЕуропеАид?
Канцеларијата за соработка на ЕуропеАид е тело на Европска ко­мисија кое раководи со фондови како дел од надво­решната помош на Комисијата. Мисијата на Канцеларијата е да ги имплементира инстру­мен­тите за надворешна помош на Ев­ропската комисија кои се финан­сирани од страна на буџетот на Европската заед­ни­ца и Европ­скиот фонд за развој. Таа не ги третира про­грамите за прет­приемна помош, ниту пак ху­манитарните ак­тивности, макро­финан­сиската помош, За­ед­­­нич­ката надво­реш­на и безбедносна политика (ЗНБП) или Рапид риекшн фасили­ти (Рапид Реацтион Фацилитѕ).

Канцеларијата е одговорна за сите фа­зи на проектниот циклус (идентификација и проценка на проекти и програми, подготовка на финансиски одлу­ки, импле­ментација на надгледување, оценка на проекти и програми), што обезбедува остварување на целите на програмите одредени од страна на ДГ Релекс и Дивелопмент (Девелопмент) и одобрени од страна на Комисијата. Оваа канцеларија исто така е одговорна и за Европската иницијатива за демократија и човекови права (ЕИДХР), основана во 1994 од страна на Европскиот парламент со цел да поврзе низа буџетски наслови кои третираат промоција на човековите права  (за повеќе детали погледнете на хттп://еуропа.еу.инт/цомм/дгс/хуманитариан_аид/индеџ_ен.хтм).

 

Тања Хафнер
соработничка на проекти за меѓународни програми во МЦМС

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA