Александар Стојановски
Земјоделци, здружете се!
Професионално искуство: Претседател на Здружението на земјоделските производители Куманово. Работев во областа на машинството и за мене беше радост кога успевав неподвижните машини повторно да ги активирам. Студирав организација и работам на организирање на обесправените во остварување на нивните цели, особено на македонските земјоделци.
Активирање во граѓанскиот сектор: Се занимавав со сй уште од мали години. Бев ангажиран во младинскиот актив, се занимавав со политика, а придонесував во различни сегменти од правилното функционирање на општествениот систем.
Амбиции: Да им помогнам на изнемоштените и обесправените граѓани да ги остварат своите права.
Хоби и интереси: Уредување на дворното место за живеење.
Во слободно време чита: Во слободновреме читам земјоделска литература од сите области, како и машинска литература.
За време на викендите: За време на викендите уживам во прошетка на повисоки места во природата, заедно со семејството и со друштвото.
Најтешка одлука: Да се оженам.
Кој национален (локален) проблем го сметате за особено важен: Приватизацијата на државните фирми. Потребно беше најпрвин да се оспособи аграрот како најголема фабрика во Република Македонија, за да ги прибере отпуштените работници. Трансферот во аграрот е направен најдоцна.
Кој глобален проблем го сметате за особено важен и зошто: Укинувањето на постоечките визи е голем проблем. Не може Европа да биде без граници, а Балканот да има барикади.
Совет (порака): Земјоделци, здружете се!
|