Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 27 Мај 2003

   

ТЕМА

Граѓанските Здруженија пред нов предизвик со поддршка на државата
 

Гонце Јаковлеска и Маријана Иванова

Повеќе од десет години, граѓанскиот сектор од Македонија се одржува и расте со помошта на странските донатори: фондации, амбасади, владини агенции, странски невла­дини здру­женија, домашни орга­низации за поддршка кои се финансираат од странски донатори… Поддршката која на овој сектор му ја дава македонската Влада е речиси незначителна и е секако недоволна за неговиот опстанок. Исто така, сосема мал дел, сеуште недоволен за функционирањето на граѓанскиот сектор, доаѓа од бизнис секторот („Мобимак“, Фонацијата на Трифун Костовски, „Усје“).


Државата не може да го пренебрегне граѓанскиот
сектор: од последниот НВО саем

Македонските здруженија на граѓани преку странските донатори добиваат не само поддршка за одвивање на нивните актив­ности, туку и техничка помош, и што е многу поважно - обука. Благодарејќи на многу­бројните обуки, семинари, работилници, тркалезни маси и другите форми на пре­несување на знаење, граѓанските здруженија од нашата држава, можеби пред сите оста­нати сегменти во општеството, го научија јазикот на европското работење. Научија и како да ја претстават својата идеја пред донаторот, како да се претстават себеси, како да побараат и дојдат до средства, како да состават проект, како да управуваат со проект, што е проектен циклус, како се управува со информации, како се генерираат приходи, како се управува со луѓе, како се прави маркетиншки план, како да се промо­вираат, како се водат кампањи, како се пишуваат извештаи, како се лобира, како да се вмрежуваат, и уште многу други нешта… Вредноста на сево ова знаење кое во Маке­донија е пренесено, главно од европ­ските и американските експерти, е капитал кој им донесе полза не само на здруженијата на граѓани, туку и на оп­штеството во целина. Се создаде критична маса на граѓани кои научија да работат посовремено и по­ефективно и која секако има, и уште повеќе ќе има влијание врз другите сегменти во општеството.

Но, колкав дел од граѓанскиот сектор во Македонија навистина го научи она нај­важното - како се работи одржливо? Одрж­ливиот развој не е само голем збор, што се однесува на големи процеси - тој принцип може да се примени и на најмалиот проект и на најмалата организација.

Изгледа дека граѓанскиот сектор во Маке­донија во наредните неколку години ќе треба да докаже колку научил да го примени овој принцип и сето знаење и вештини кои преку многубројните обу­ки му беше пону­дено. Бидејќи, веќе за неколку години гра­ѓанскиот сектор во Македонија Ќе мора да се соочи со фак­тот дека стран­ската помош нема да ја има во тол­кава го­лема мера на рас­по­лагање, де­ка таа нема да се нуди во Маке­до­нија и ќе биде потешко дос­тапна, за неа ќе мора да се трага надвор од др­ж­ава­ва, или пак Ќе треба да се трага за по­мош од други из­вори во државава. А секако, оние кои добро ги научија лекциите, Ќе се обидат да се свртат кон она што се нарекува “самопомош” и ќе се потрудат самите да создаваат приходи за одржување на својата работа, без да зависат во потполност од помош отстрана.

Владимир Милчин: Селекција по однос на квалитет
Темата на одржливоста на граѓанскиот сектор во Македонија ќе биде мошне актуелна во наредниот период - поради тоа и отстапивме и поголемо внимание во нашево списание. Побаравме мислење на оваа тема од лич­ности кои се релевантни да говорат за ова прашање во нашата држава. Еве што ни изјави     г. Владимир Милчин, извршен дирек­тор на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија:

- Дел од донаторите кои сега работат во Македнија сигурно ќе се повлече до 2006-та година. Дел од нив, пак, ќе оста­не. До­наторите поаѓаат од претпоставка дека Македонија ќе ја помине фазата на ста­билизација, дека економски ќе зајакне, дека ќе се создаде правен и даночен систем кој ќе овозможи оние невладини организации кои одговараат на јавните потреби, дел од средствата да ги добиваат од јавните фон­дови или од самите граѓани. Исто така, дека ќе се создадат поволни услови и бизнис-секторот да учес­твува во нивното финан­сирање. Се очекува поповолна да­ночна рамка во оваа смисла. Но, дел од граѓанските здруженија нема да преживеат. ќе дојде до селекција по однос на квалитетот и капа­цитетот на НВО да ги препознаат вистинските потреби на граѓаните. Тој процес Ќе личи на еден процес кој започнува кај нас - селекција во сферата на медиумите .

Мислам дека тој во крајна линија е здрав процес, ако се одвива според принципот на селекција според квалитет. Ќе преживеат оние кои ќе бидат во состојба да креираат проект кој Ќе создава приход - но таков кој ќе одговара на нивната мисија. Тоа подразбира поголема отчетност на НВО. Тоа е дел од еден процес на зацврстување на демократијата кај нас - владиниот, невладиниот и бизнис секторот Ќе играат своја улога во едно нормално граѓанско општество. Тоа во некоја линија ќе значи и дека сме на крајот на процесот на транзиција. што се однесува до ФИООМ, според сегашната политика, буџетот со кој располага Фондацијата нема да се намали до 2006 година - после тоа ќе дојде до редукција на фондовите и преориентација. Дали Фондацијата Ќе се претвори во институт за јавна политика, или за имплементирачки активности, Ќе зависи од Управниот одбор - вели г. Милчин.

 

Гре Корнелиус: Самите организации ќе  мораат да најдат пат до фондовите
За коментар на оваа тема, ја замоливме и г-ѓа Гре Корнелиус, одговорна за програмите во Македонија во Меѓуцрквената орга­низација за развојна соработка од Холандија ИЦЦО. Таа ни изјави:

Средствата што ИЦЦО ги користи за поддршка на организациите се владини средства. Затоа државите што ги користат, односно државите во кои организациите ги спроведуваат активностите, треба да ги задоволуваат ДАЦ критериумите на ДАЦ

 

СНЕЖАНА ЃОРЃИЕВА, КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА НА МЖСПП: Ќе биде потешко, но ќе има поголем ефект 
Г-ѓа Снежана ѓорѓева од Канцеларијата за комуникација со јавноста на Министерството за животна средина и просторно планирање, по природата на својата работа е во чест контакт со здруженијата на граѓани. Еве што на темата одржливост на овие здруженија мисли таа:

- На некој начин, донациите ги направија граѓанските здруженија зависни од помошта. Има многу случаи НВО да го немаат по­требниот квалитет - тие намаат добри инфор­мации, им недостига стручно согледување на проблемот на кој работат. Ако таквите орга­низации немаат помош, тие потешко ќе дојдат до целта, до остварувањето на својата мисија. Но, мислам дека генерално, ако граѓанските здруженија немаат повеќе толку многу фондови од странство на располагање, кај многу од нив ќе се поттикне креативноста, тие подобро ќе се информираат, подобро ќе се изградуваат. ќе им биде потешко, ама со поголем ефект. ќе се пренасочат кон други извори на финансирање, ќе се потрудат да го привлечат бизнис-секторот, ќе бараат средства и помош од владата и од 


Колку научивме? - еден од форумите на НВО саемот

САШО КЛЕКОВСКИ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА МЦМС:

Во иднина можеме да сметаме на повеќе регионално финансирање

Со г. Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС направивме кусо интервју, пра­шувајЌи го за најавеното повлекување на донаторите од Македонија и перспективите за идното работење на граѓанските здру­женија. 

Г.С. - Има ли простор за загриженост кај здруженијата на граѓани заради зами­нувањето или најавите за заминување на некои од донаторите?
С.К. -
Повеќето донатори (странски) кои се во земјата (и регионот) најавуваат нивно повлекување или значително намалување на средствата во периодот до 2007 година. Примери:  повеЌето поддржувачи на МЦМС ќе се повлечат до 2007 година; Институтот отворено општество ќе ги намали средствата за Балканот од сегашните 40 милиони на 10 милиони во 2006 година; Институтот за трајни заедници е во последниот продолжеток од програмата...

Ова секако не значи намален интерес за земјава и регионот, туку замена на видовите на финансирање. Во иднина можеме да сметаме на повеќе регионално финансирање (пр. Балкан труст за демократија) и секако финансирање од Европската Унија. Сепак, би нагласил дека, од постоечките 5.000 граѓански организации, не повеЌе од 500 имаат пристап до средства од странските донатори.

Г.С. - Како да се соочат здруженијата на граѓани со повисоките критериуми на донаторите на пример на оние од ЕУ?
С.К. -
Една од последиците на зголемените механизми за контрола што ги бара ЕУ Ќе биде помал број на поголеми проекти.  Пристапот таму ќе биде возможен најве­ројатно само за неколку поголеми (профе­сионализирани) органзации. Се надевам дека ЕУ ќе овозможи механизам за помали проекти кои ќе бидат достапни и за повеќето волонтерски организации. Тоа може да биде со техничка помош од некоја од поголемите организации.

Г.С. - Која е алтернативата на здру­женијата во идната мобилизација на фондови?
С.К. -
Алтернатива е она што организациите го правеа и пред појавата на донаторите (пред 1992 година) и што сеуште го прават најголемиот број на граѓански организации:  спонзорства и донации од приватниот сектор, поддршка од властите и собирања од граѓаните.  За тоа ќе бидат потребни поинаку поставени организации и поинакви вештини од оние градени до сега.

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 27 Мај 2003
Број 27 Мај 2003
Настани
Календар
Балкан експрес
Европа
Свет
Публикации
Луѓе
Историја на граѓ. опш.
Тема
Интервју
Погледи
Коментар
Форум
Концепти
Појмовник
Q&A
Претставување
Избор
Број 27 Настани Прославен Националниот ден на Власите
Број 27 Настани Десет “демократски” тетратки
Број 27 Настани Трчачка мировна манифестација
Број 27 Луѓе ДАНИЕЛА СТОЈАНОВА
Број 27 Тема ГраѓАнските ЗдруЖЕнија Пред Нов Предизвик Со ПоддршКа На ДржАвата
Број 27 ИНТЕРВЈУ ФАБРИС ДЕ КЕРХОВ
Број 27 Форум Дали можеме самите?
 

©MCMS - designed by KOMA