|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Грција - Македонија Соседска програма
До 21 февруари 2007 година е отворена можноста за аплицирање на отворената Соседска програма: Грција - Македонија. Кандидатите кои можат да аплицираат за оваа поддршка на КАРДС се: оператори од граѓанскиот сектор, локални власти, јавни тела, универзитети и истражувачки институти, стопански комори, синдикати, општини и заедници од следните дефинирани гранични региони: Еврорегиони; регионални и професионални асоцијации, општински организации за стопанисување со вода и смет од соодветниот регион – меѓуопштински организации за стопанисување со вода и смет, невладини организации.
За повеќе информации, погледнете го Пакетот за аплицирање или посетете ја ЕАР.
ЕУ Поддршка на развојот на граѓанското општество
Претставниците на невладиниот сектор и на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, на средбата одржана на 30 ноември во Скопје, дискутираа по повод нацрт-стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор. Стратегијата, изработена од страна на локални и меѓународни експерти, во тесна соработка со персоналот од Одделението за граѓанско општество и други експерти од Генералниот секретаријат, неколку министри и државни институции, како и граѓански организации, е дел од техничката помош за проектот во висина од 500.000 евра, обезбедена од ЕУ, а управувана од страна на Европската агенција за реконструкција – ЕАР.
За повеќе информации, посете ја страницата на ЕАР.
ЕУ Мандатот на ЕАР продолжен до 2008 година
Советот на министрите на Европската Унија го продолжи мандатот на Европската агенција за реконструкција за уште две години, до 31 декември 2008 година. Со одлуката е овозможено Агенцијата да продолжи со спроведување на програмите во рамките на помошта на Европската Унија за реконструкција, развој и стабилизација (програмата КАРДС), која завршува во 2006 година. Преостанатиот дел на помошта на Европската Унија на основа на програмата КАРДС што би требало да се искористи во текот на следните две години изнесува околу 680 милиони евра.
ЕАР раководи со програми за помош на Европската Унија во Македонија, во Србија, во Косово и во Црна Гора. Агенцијата низ четирите оперативни центри управува со програмите за помош во вредност од 2,8 милијарди евра од фондовите на Европската унија. Од тие фондови, 2,4 милијарди или 83% се веќе договорени, а 2,1 милијарди или 75% се веќе платени.
Регионални грантови Поддршка на проектот – СЕКТОР
Програмата за регионални грантови на Регионалниот центар за заштита на животната средина - РЕЦ е изготвена со цел да поддржи регионални проекти за соработка на полето на заштита на животната средина. Грантовите ќе бидат во висина од 35 до 50 илјади евра за проект, односно со вкупна вредност од 200 илјади евра достапни за секое барање.
Проектите вклучуваат заедничка работа на НВО од различни земји на прашања поврзани со прекугранична соработка, односно заштита на животната средина на регионално ниво. Предвидени се две регионални барања за време на рамковниот период на програмата. За повеќе информации, контактирајте со Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа, на адресата: Регионал Енвиронментал Центре фор Централ анд Еастерн Еуропе; 2000 Сзентендре, Адѕ Ендре uт 9-11, Хунгарѕ; тел.: (36-26) 504-000, факс: (36-26) 311-294, или посетете ја нивната веб-страница: www.rec.org.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|