|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Форум
„Кои се начините за поефикасна борба против трговијата со жени во Македонија“
Редовната рубрика ФОРУМ овој пат ја посветуваме на специфичната трговија со луѓе, отворајќи го прашањето „Кои се начините за поефикасна борба против трговијата со жени во Македонија“. Со свои согледувања на актуелниот проблем учествуваат две граѓански здруженија, а третиот планиран учесник Министерството за внатрешни работи, и покрај ветувањата, не ги достави своите видувања. ФОРУМОТ е отворен и за Вас на адресата: www.graganskisvet.org.mk или www.civicworld.org.mk, каде треба да се пријавите со име и презиме, наведувајќи го името и на здружението на граѓани, доколку некаде членувате.
Весна Костеска - Здружение на жените правници - „ТЕМИС“: „За успешна борба против трговијата со луѓе, а особено трговијата со жени и деца, неопходна е соработка и координација на активностите меѓу сите страни вклучени во оваа борба, и тоа полицијата, царината, судството, обвинителството и другите владини органи и институции, како и домашните и меѓународните невладини организации. Кога зборуваме на оваа тема, треба да го имаме пред себе фактот дека Македонија е се уште земја на транзит и крајна дестинација, а не и земја на потекло. Официјални податоци од страна на МВР дека од Македонија се тргува со жени во други земји немаме. Но, според неофицијални податоци на некои локални НВО, РМ станува и држава на потекло на жртви од трговија, кои најчесто се носат за Италија, а исто така има податоци за постоење и на внатрешна трговија, посебно со малолетници. Затоа сметаме дека превенцијата е многу битна за спречување на трговијата со жени и зазема значајно место во борбата против неа и напорите Македонија да не се претвори и во земја на потекло... Како битен фактор би ја навеле и едукацијата на полицајците, како први кои доаѓаат во контакт со жртвите, заради правилна идентификација на жртвите. Како земја на транзит и крајна дестинација треба многу да работиме на подигање на јавната свест за овој проблем, да развиеме програма за заштита на жртвите од трговијата со луѓе, како и мерки за нивна реинтеграција. Досега најчести средства со кои се користат трговците се измама и лажни огласи за добро платена работа.
Станка Маркоска - Отворена порта-Ла страда: Нашата програма за превенција опфаќа одржување превентивни лекции и дистрибуирање превентивни материјали во образовните институции. Со цел да обезбеди поефективна превенција на ниво на целата држава и да ги пренесе своите знаења и експертиза од областа на превенција од трговија со луѓе на други невладини организации од државава, Отворена порта почна со реализирање нов проект „Мрежа на невладини организации и заедничка имплементација на кампања за подигнување на јавната свест од трговија со луѓе“. Сметаме дека неопходно е итно донесување програма за заштита на сведоци, со цел максимална заштита на идентитетот на жртвата како предуслов за нивно охрабрување и доброволно појавување во својство на сведоци пред лицето на правдата. Програмата за заштита на сведоци ќе обезбеди побрза разврска на предметот и успешно завршување на судската постапка. Исто така, непоходно е Македонија побрзо да го ратификува „Протоколот Палермо“ како најмоќно меѓународно средство во борбата против трговијата со луѓе.
К.Б. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|