ПУБЛИКАЦИИ
ОТВОРЕНА ПОРТА
Трговија со жени
Здружението “Отворена порта” го објави лифлетот “Трговија со жени”, во кој се нудат информации наменети пред с$ на жртвите на оваа криминална дејност. Објавена е СОС-линијата за информирање и превенција на трговијата со жени (02/777-070), адресите на амбасадите на Македонија во други држави, и совети како жртвата да постапи, каде да се обрати и како превентивно да се заштити.
СОЈУЗ НА ГЛУВИТЕ И НАГЛУВИТЕ Еднорачна азбука
Во организација на Републичкиот комитет на Сојузот на глувите и наглувите на Република Македонија, испечатена е картичка на која е претставена еднорачна азбука за комуникација на глувите и немите лица. Претставени се сликовните знаци на македонската азбука, кои секој од нас може да ги научи за да комуницира со лицата кои не се во состојба да комуницираат служејќи се со говорот.
СОЖМ Проблемот е тука, препознај го!
Сојузот на организациите на жените на Македонија ја издаде брошурата “Проблемот е тука, препознај го!”, како дел од спроведената Кампања 16 дена против насилството врз жената (25 ноември – 11 декември 2002). Во оваа брошура се дадени делови од истражувања на овој проблем и има за цел да пренесе нови сознанија за овој проблем, со цел да го намали и да делува превентивно против неговото појавување.
СВЕТСКИ КОНГРЕС НА ЦРКВИТЕ
Веб-страница за човековите права
На десетти декември, Меѓународниот ден за човекови права, Светскиот совет на црквите ја објави новата интерактивна веб-страница за Декадата за надминување на насилството (2001-2010), под мотото “Црквите бараат помирување и мир”. Адресата е www.wcc-coe.org/dov. Новата веб-страница е можност за размена на информации, но и идеи и ресурси.
РОМКИ ЛИДЕРКИ За девственоста Женската акција “Ромки лидерки” ја издаде брошурата “За девственоста”, со финансиска поддршка на ФИООМ. Во неа, со сосема оригинален и нов пристап, се зборува за една од конзервативните традиции со кои се соочуваат младите жени од ромската националност. Претставени се резултатите од истражувањето коешто содржеше анкети, дискусии и разговори на темата “Култот на невиноста”, кој е мошне присутен, не само кај Ромите.
ИК БАНКА И ФИООМ
Како до кредит за обртни средства?…
Извозно-кредитната банка АД Скопје и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија објавија практичен лифлет насловен “Како да добиете кредит за обртни средства?”. Во лифлетот се упатуваат заинтересираните граѓани како можат да добијат ваков кредит, каде да се обратат, каква е постапката, кои се корисниците, условите, роковите, гаранцијата и други информации.
ЗДРУЖЕНИЕ НА КОПАНИЧАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
“Копаничар”
Здружението на копаничарите на Македонија го издава списанието “Копаничар”, чија цел е да ја афирмира оваа кај нас веќе запоставена уметност. Списанието излегува периодично, со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Покрај информации и разговори, објавува и репортажи, фотографии на делата на македонските копаничари, како и информации за техниките на оваа уметничка вештина.
… И Кредитна програма за развој на земјоделството
Во лифлетот “Кредитна програма за развој на земјоделството во Македонија” се нудат информации за условите и потребната документација за одобрување на овој вид кредити. Заинтересираните можат да прочитаат која е целта на кредитната програма, намената на кредитот, условите, процедурата и потребната документација и друго. И овој лифлет е издание на Извозно-кредитната банка АД Скопје и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
ЕЦМИ
Веб-страница за подобри меѓуетнички релации Мрежата на невладини организации ЕЦМИ која работи на подобрување на меѓуетничките релации има своја веб-страница: www.esmimgonet.org.mk, во која на македонски, на албански и на англиски јазик се претставени активностите на мрежата, членките, регионалните центри, проектите, грантовите и друго. Веб-страницата е поддржана од Кралското данско министерство за надворешни работи, Британската амбасада во Македонија и Кралското норвешко министерстство за надворешни работи.
|