Светски социјален форум - Мумбаи 2004
Нашиот свет не е за продажба
Том Хејдн, Алет Нет, 27 јануари 2004
Светскиот социјален форум успешно ја насочи енергијата на глобалната правда и антивоените сили, истовремено вложувајќи напори за позитивни алтрнативи коишто ќе и дадат значење на фразата “поинаков свет е возможен”.
Форумот настана како опозиција на сите неолиберални институции од типот на СТО, ММФ и Светската банка и наметнување на оние неолиберални политики за примена на сила во Ирак. Тој служи како круцијален простор за дејствување на акциските мрежи, како “Нашиот свет не е за продажба”, коишто ги водеа неодамнешните кампањи во Канкун и Мајами против предложените трговски договори. Покрај тоа, Форумот беше и знак за една длабока солидарност, што се покажа преку ентузијастичките танци, песни и маршови коишто се одвиваа низ улиците на Мумбаи на затворањето на годинешниот настан. Редок успех е да се видат на едно место космопилитските интелектуалци од Њу лефт ривју (“Нењ Лефт Ревиењ”) и традиционалните безгласни Далити (недопирливите), Адивасис (локалните) и Бразилското безземјено движење. Форумот изгледа сфати, колку тоа и да е непријатно, дека не може да создаде подобар свет во кој ќе бидат изоставени Далитите или Адивасис, или пак да ги условува со тоа што ќе бара од нив да ја променат својата културна традиција. А, Далитите и Адивасис, пак, покажаа дека од искуство знаат дека постои и поинаков свет исполнет со потенцијални пријатели кои го поддржуваат нивниот опстанок. Резултатот од сето тоа беше солидарност којашто ги надмина вообичаените говори и ресолуции, солидарност - помеѓу привилегираните и проклетите, помеѓу луѓето кои можеби населуваат различни планети, но чии судбини се сепак заемно поврзани - којашто е толку кревка за да се одржи, а сепак толку скапоцена за да се откажеш од неа. Фактот што Форумот, кој потекнува од Бразил, би можел да се вгнезди во срцето на Јужна Азија, беше достигнување само по себе. Организаторите, Светскиот социјален форум размислуваат да се вратат во Порто Алегре, Бразил, следната година, бидејќи наближува оној контроверзен краен рок за затворање на Слободната трговска зона на Американците (ФТТА).
Година потоа, се очекува ССФ да се состане во Африка, веројатно во Египет.
Нова интернационала
Уште од својот почеток, кај Форумот растеа очекувањата дека можеби ќе стане “нова интернационала”, заменувајќи ги традиционалните партии од левиот блок, или пак координативен центар за кампањи за солидарност со работниците, безземјените и локалните групи исклучени од придобивките на неолиберализмот.
Сега критиките стануваат јавни. Од идеолошката левица доаѓа тврдењето дека ССФ “нема идеологија, нема организација нема алтернативи, нема милитантска борба и никаква програма” и е алатка на фондацијата Форд (која обезбеди 500.000$ за првиот Форум и 300.000$ за вториот, но оваа година беше одбиена од страна на индиските организатори). Каква и да е нивната нетрпеливист кон Форумот, изгледа дека повеќето учесници длабоко се противат да потпаднат во теоретски марксизам. Пошироката критика е дека новиот свет се гради со премногу стари светски навики. Говорите се подеднакво педантни и предолги, темите коишто ги покриваат и се веќе познати на публиката, а времето за поставување прашања секогаш ис парува. Некои од водечките учесници на Форумот, како на пример Наоми Клајн, која не присуствуваше оваа година, предложи секој оној кој ќе зборува на некој Форум да мора да биде слушател на следниот. Останатите, како на пример Вандана Шива, се жалат дека ССФ почнува да “имитира гигантизам и централизирана контрола на доминантните структури кои ги предизвикуват граѓаните”. Сепак, другите ја ставаат под знак прашање доминацијата на добро финансираните невладини организации (НВО) во споредба со организациите “грас-рутс” кои се борат за својот опстанок, но сепак се ефикасни. Многумина, пак, потврдуваат дека годишната природа на форумите ги одлива и пренасочува ресурсите од нивните локални кампањи. Тие промовираат регионални форуми на секој континент. Најчувствителното прашање е како да се справиме со разликите помеѓу оние кои ултимативно ја фаворизираат политичката акција заедно со сите противречности коишто ги носи со себе, како на пример бразилската триумфална Работничка партија кој израсна од социјалните движења и од друга страна оние кои се идентификуваат со силите на директна акција, одземање на земјиштето и блокада на патиштата за бездомните и престанување на работата на Светската трговска организација, ФТАА и други тела коишто се сметаат за нелегитимни. Овие разлики потекнуваат од вистинско искуство и се темелат на некогаш подзаборавената историја. Со децении наназад, Работничката партија беше гласот на бразилското угнетено мнозинство, се до успешните избори од пред две години. Нејзиното раководство, откако ја доби моќта, мораше да постигне компромис со ММФ за глобално финасирање и однатре да ги предизвика СТО и ФТАА, наместо директно да се соочи со амариканската империја. Слична патека на моќта следеше и Африканскиот национален конгрес (АНК) по победата над апартхејдот. Овие неолиберални компромиси ги оставија социјалните движења во Бразил и Јужна Африка особено фрустрирани во потрагата по одговори, прашувајќи се дали е возможен поинаков свет без поинаков пристап кон политиката во целост. Резултатот од тоа е криза во стратегијата, (премногу) поедноставена како “реформа” против “револуција”.
ССФ беше создаден со цел да се посвети само на прашања во еден отворен, плуралистички процес, но неговиот усложнет, бирократски процес и 2100-те поединечни превидени настани доведоа до тоа да биде речиси невозможно да се постигне каков било консензус. Така, организациските предизвици изгледаат двојни: како прво, како да се постигне позитивен консензус за заедничка глобализација без поделба на завојувани фракции; и како второ, како да се оствари креативно учество на локални нивоа без да се подготви една трајна, глобтротерска сопствена елита Би било трагично, но не и за првпат во историјата на левите, ако напорите не вродат со плод,. Во овој критичен момент некоја историја е со цел да овозможи поголемо разбирање на предизвиците, почнувајќи од историјата на ССФ и неговите корени во историјата на социјалните движења коишто датираат од пред 150 години. Приказната ќе покаже дека додека ССФ е “постмарксистички”, односно, покренат кон крајот на студената војна и Советскиот Сојуз, неговото наследство лежи во движењата на солидарност, првично создадени од Карл Маркс, долго пред да биде институционализиран марксизмот.
|