|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Босна и Херцеговина
“Простор за младите!”
По повод Меѓународниот ден на младите, 12 август и 10-годишнината од програмата “Акција за младите” на ОН, ОИА БиХ ја организираат кампањата “Акција БУС”: простор за младите. Триесетина млади луѓе од цела БиХ изодуваат пат во должина од 1.500 километри и посетуваат повеќе од 20 градови во БиХ. Во таа прилика, заедно со своите локални партнери, преку улични акции, дебати и средби со властите, лобирања и друго, ја запознаваат власта и јавноста со потребите на младите од свој простор за креативна работа и здраво растење.
Простор за младите, значи потреба од обезбедување соодветен амбиент за младите од внатрешноста од страна на локалните власти (инфраструктура, објекти, средства) во кој тие ќе можат на здрав начин да растат, креативно да се изразуваат и да развиваат нови знаења и вештини. Покрај тоа примарно значење кое е особено релевантно на локално ниво, преку акцијата се упатуваат и 8 барања до државните институции.
Г. Ш
|
Албанија
Жените поподложни на ХИВ/СИДА
Како и секаде во светот, така и во Албанија бројот на луѓето заразени со ХИВ/СИДА е во пораст. Во текот на последните неколку години, бројот на заразени жени е малку поголем отколку бројот на мажите, известува Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и Институтот за јавно здравство, кои го спроведуваат проектот “Вклучување на албанските уметници и спортисти во кампањата против ХИВ/СИДА”. Според нивните наоди, околу 75% од луѓето со ХИВ/СИДА во Албанија, изјавиле дека се заразиле во странство.
ИОМ и Институтот ја истакнуваат важната улога на медиумите во заштитата од ХИВ//СИДА, посочувајќи дека медиумите треба да сторат нешто повеќе во борбата против дискриминацијата на заразените. Според последните извештаи, 80% од луѓето вклучени во анкетата спроведена од страна на ИОМ рекле дека медиумите се нивниот главен извор на информации за ХИВ/СИДА. Двете организации потенцираат дека е важно имигрантите да ги преземат сите мерки на претпазливост и да се тестираат за ХИВ по нивното враќање во Албанија. Тие се жалат дека бројот на луѓето кои доброволно се тестираат е многу мал, информирајќи дека само 350 луѓе се подложиле себеси доброволно на ХИВ-тест во првата половина на 2005 година.
Г. Ш
|
Хрватска
Медиумите не го почитуваат правото на децата на приватност
Министерството за здравство и социјална грижа на Хрватска, изразило загриженост за начинот на кој медиумите ги следат случаите на кривични дела извршени врз децата и младите полнолетни лица, бидејќи го доведувале во прашање правото на децата на приватност, пропишано со Конвенцијата за права на децата и со националните закони.
Поради тоа, на 12 јули, во Министерството е одржан состанок на кој учесниците ја искажале загриженоста во врска со одредени случаи во медиумите каде не е почитувано правото на приватност на децата споменувани во врска со случаи на злоупотреба во домовите за социјална грижа. Тема на разговорите било подобрувањето на соработката на државните тела, со цел откривање и санкционирање на извршителите на кривични дела над децата, поради големото внимание од страна на медиумите и интересот на јавноста за утврдување на состојбата во домовите за социјално згрижување.
Ценејќи го придонесот на медиумите и не сакајќи на јавноста да & се одземе правото на информирање , Министерството за здравство и социјална грижа обрнало внимание на медиумската должност јавноста да биде информирана за с$, на начин на кој нема да ги наруши правата и интересите на децата.
Г.Ш
|
Србија и Црна Гора
Во Белград одбележан геноцидот во Сребреница
Организацијата на жените “Жени во црно” од Белград, ја одбележа 10-годишнината од геноцидот во Сребреница на Плоштадот на републиката во Белград, со уЈество на повеќе од 200 активисти од Србија, од Италија, од Германија и од САД. Тие направиле полукруг, држејќи ги паролите: “Да не заборавиме”, “Десет години од геноцидот во Сребреница”, “Жените во црно за мир и човекови права”. Активистите носеле знаме и со паролата “Никогаш повеќе на седум јазици” и со запалени свеќи на земјата го направиле знакот на мирот.
За време на церемонијата имало и неколку инциденти. Имено, наоколу насобраниот народ почнал да извикува “Нож жица Сребреница” и “Србија на Србите”, а се слушале и нацистички поздрави и дожд од навреди упатени кон жените. Во полукругот била фрлена лименка со солзавец по што некои од учесничките морале да побегнат во споредните улици. Инцидентите и вербалните навреди завршиле по пристигнувањето на специјална полициска единица за контрола на масите. Собирот бил завршен со полагање бела роза на споменикот на Плоштадот на републиката, заедно со знамето “Да не ја заборавиме - Сребреница 1995-2005 - Жени во црно”.
Г.Ш. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|