Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 44 Декември 2004  Концепти

Организациски промени (1)

Приспособување кон надворешното опкружување


Организациски промени

Организациските промени се неопходност за секоја организација поради потребата за приспособување кон динамичкото надворешно опкружување. Постојаните промени во средината - нови барања на клиентите, соочување со конкуренцијата, соочување со нов донатор, изменета вла­дина политика, променета социјално-политичката сре­дина, мора да бидат проследени со соодветна реакција на организацијата, промена на правилата, системите и процедурите, промени во работната изведба, нови продукти и услуги, друг начин на раководење и сл.

Според Адижес, секоја промена предизвикува проблем кој бара понатамошно решавање. Една од најголемите опасности при процесот на промени е да се обезбеди решеност за спроведување на промените, да се  совлада можниот отпор така што промената ќе резултира со унапредување на ра­ботите,  а не со хаос. За да се избегне создавањето хаотична ситуација, потребно е да се направи добра стратегија за организациските промени.

Во ситуација кога постои голема разлика помеѓу реалната и посакуваната состојба, добро испланирана стратегија за промени е потребна за да бидеме сигурни дека промената ќе води кон вистинско подобрување на организацијата.

При развивањето стратегија за промена на една организација важно е да постои свесност за разликата помеѓу она што би требало да се промени (содржините) и начинот на којшто би се извела промената (процесот).

За да се започне со процесот на промени во една организација потребно е да постои потреба за промена. Тоа се така­наречените двигатели на промени.


Двигатели на промената

Потребата за организациска промена уште се нарекува и двигател, покренувач на промената (Цханге дривер), нешто што го повлекува процесот за промена и ги мотивира луѓето од организацијата да го спроведуваат процесот на промена. Двигателите на промената можат да бидат внатрешно или надворешно мотивирани.

Надворешните двигатели на промената може да вклучуваат  из­менети потреби на целните групи, на клиентите или муш­териите или променет состав на овие групи, поинтензивна конкуренција која бара подобрен квалитет на услугите, подобрени технологии кои отвораат перспективи за намалување на трошоците, интензивирање на квантитетот/квалитетот на услугите или променети закони, политики и правила (влади, донатори итн.) што бараат поинаков пристап.

Внатрешните двигатели на промената вклучуваат: изменет состав на персоналот со променети способности, очекувања, мотивација и кул­тура на персоналот кои бараат про­мена во организационата структура, во работните методи и постапки, стиловите на раководење итн. Промената во раководењето може исто така да води кон разни промени во орга­ни­за­ци­јата.

Лилјана Алчева
обучувач/соработник на проекти во МЦМС

 

ПОИМНИК

Организациски промени се про­мените што ги прави организацијата за да се приспособи кон динамичното надво­решно опкру­жување. Реакцијата на орга­низа­цијата најчесто опфаќа промени на правилата, системите и про­цедурите, промена на начинот на раководење и сл.

Двигатели на промената е она шо го повелкува процесот за промена и ги мотивира луѓето од организацијата да го спроведуваат процесот на промена. Двигателите на промената можат да бидат внатрешни и надворешени.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA