Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 34 Јануари 2004  Избор

Џорџ Сорос е „ифрит лут“

Сорос направи милијарди предвидувајќи „финансиски крахови“. Сега мисли дека Буш создава еден

(Продолжение од минатиот број)

Сорос ги изнесе тие погледи во своите книги. Тој постојано се обидува да го систематизира своето размислување, генерално навраќајќи се на теоријата што ја нарекува „рефлексивност“ и оби­дувајќи се да ја искористи за да да ја објасни појавата на услови „надвор од рамнотежата“ - без разлика дали станува збор за брзиот пад на кому­нистичкиот блок или за азиската криза на валутите. Сорос е изне­наден поради фактот што овие книги не биле повлијателни. Тој се шегува на своја сметка нарекувајќи се себеси „пропаднат/неуспешен фи­лозоф“, но признава дека го ири­тирало кога неговиот биограф, Мајкл Кауфман, бук­вално ја прикажал таа проценка. Но, всушност, густината и апстрактноста на неговите книги, кои ретко му даваат на читателот личен детал, во голема мера го ограничува нивното влијание. „Пого­лемиот дел од времето“, вели пријателот на Сорос, Виктор Осјатински, полски интелектуалец кој е дел од бордот на неколку фондации на Сорос, „тој беше посериозно загрозен како донатор, а не толку како мислител“. Стенли Дра­кенмилер, кој и понатаму му е при­јател на Сорос, и покрај тоа што не се согласува со него по речиси сите политички пра­шања, вели дека силата на Сорос не лежи во здружувањето на теоретските модели, туку во „потпирањето на интуицијата“ за да види кога светот се менува доволно за да станат постоечките модели заста­рени.

Токму таа интуитивност, што потекнува од неговото унгарко искуство, недостасува во неговото пишување. Нацртот од Балонот на американската надмоќност е првата негова книга која во себе го има тоа. Во неа Сорос со извесна гордост забележува дека неговата политика станала „екстремна“ (фанатична). „Тој понекогаш зборуваше за тоа како во неговиот прв фонд, неговиот партнер Џим Роџерс ги вршел анализите, додека токму Сорос бил оној кој ги донесувал одлуките“. „Сега не водат луѓе кои следат лажна и опасна идеологија“, кажа Сорос пред сочувствителниот вашингтонски ауди­торум во септември. Токму во оваа земја се одлучува за иднината на целиот свет. Со други зборови, еден вид ситуација која е „надвор од рамнотежа“ којашто го ангажира Сорос.

Колку сериозно треба да ги примиме предупредувањата на Сорос? Самиот тој малку избегнува директно да одговори на ова. Ако, како што прави Сорос, го мину­вате времето во потрага по ситуации кои се „далеку од рамнотежа“, вие сте об­врзани да ги пронајдете. Сорос е во голема мера свесен за тоа: во 1998 г. тој ја напиша книгата „Кризата на глобалниот капитализам“ (The Crisis of Global Capitalism), предвидувајќи еден крах кој никогаш не се случи докрај. „Токму како што економистите предвидуваа десет од вкупно три рецесии“, вели тој, „така и јас предвидувам десет од последните три финансиски кризи“.

Без разлика дали Сорос овој пат греши или не што се втурнува себеси во избор­ната дебата, тој стана голема мета за репуб­ликанците. Пред крајот на избор­ната сезона можете да очекувата Соро­с­о­вите ужасни предвидувања, како и тој самиот, да станат важно прашање. Оние кои не му веруваат на Сорос отсе­когаш го гледале како еден од лошите ликови во делата на Флеминг (авторот на серијалот за Џемс Бонд). Тајна машинерија за правење пари? Да. Член на Советот за меѓународни односи? Да. Еднаков со држав­ниците? Едно лажно, палиндромско име? Да, да. И ако на тоа додадете „најголемиот непо­литички донатор на антибушовите сили“, го добивате рецептот за безброј по­литички обвинувања.

„Демократската партија не успеа да ја прошири својата порака“, вели гла­с­ноговорничката на Репуб­ликан­скиот национален коми­тет, Кристин Ајверсон, „и како резултат на тоа, тие им остануваат должни на една многу мала група бо­гаташи со огра­ничени интереси“. „Инте­ре­сите“ на Сорос можеби многу се раз­ликуваат од оние на ПАЦ за нивниот дел од добивката во областа на законо­давството и регулативите. Но, како и да е, таквите разлики не траат долго во вис­тинската светска по­литика. „Џорџ Сорос ја купи Демо­крат­ската партија за 10 милиони долари“, вели Ајверсон. Во меѓувреме, демократите се прашуваат колкаво ќе биде неговото влијание. „Јас не мислам дека ќе постигне некаков напредок по конкретните пра­шања“, вели Том Ман, демократ и поли­тички ана­литичар во „Броокингс Институтион“. „Дали ќе влијае тоа на агендата на партијата? Тоа е прашање на релативни ресурси. Дали навистина верувате дека десетте милиони на Сорос ќе направат некаква разлика во организацијата на партијата во изборниот процес кој ќе чини околу 4 милијарди долари?“ Па, да, доколку ги забележи идеите на Сорос. Но овде има една иронија - колку повеќе пари дава Сорос, толку повеќе демо­кратите сакаат да сокријат дека му се „потпикуваат“. Демократот Елен Малколм, основачка на фондови и учесник во летното повле­кување на Сорос, се свртува нас­трана од прашањето за погледите на Сорос, ве­лејќи: „Тој е многу промислен и инте­лигентен човек кој навистина се грижи за демократијата“.

Без разлика на која политичка опција & припаѓате, потребно е да му се оддаде признание на Сорос за меѓународната економија. Секогаш кога бил во право во врска со меѓународните трендови, тогаш тоа било спектакуларна вистина. Во­обичаените фрази на ми­нис­терот за финансии за Сорос никогаш не прет­ставувале само тоа. Минатото лето, на пример, Сорос им кажа на гледачите на Си-Ен-Би-Си (ЦНБЦ) дека новиот министер за фи­нан­сии на Сад, Џон Сноу, намерно го изложува доларот на драстичен пад и дека самиот тој се обложува против доларот. На комен­тарите на Сноу дека падот на доларот ќе му помогне на извозот на САД, Сорос гледаше како на знак за една намерна кусогледа поли­тика која би придонела за при­времен подем на извозот на САД, повре­дувајќи го остатокот од светот.

„Намерната девалвација на дола­рот потсетува на некој начин на конкурен­тската девалвација која се случи во меѓувоениот период, која, пак, потоа резултира со глобална економска криза“, вели Сорос сега. „Сноу приготви вис­тин­ски шлаг велејќи дека може да ја изигра Европа со девалвацијата на доларот“.

Повеќето аналитичари во тоа време веруваа дека коментарите на Сноу беа, ако не пропуст/грешка, тогаш еден пробен балон, а не размислувања за нова еко­номска политика. Претседателот набргу потоа повторно се врати на тради­цио­налната американска приврзаност кон силниот долар. Сега, шест месеци по­доцна, доларот се врати на агендата и на последниот меѓународен економски самит, САД застанаа зад еден послаб долар.

Имаме еден импресивен приказ на Сорос­овиот микс од политичка и економ­ска проникливост, која е особено забе­лежлива бидејќи не е водена само од чувството за движењата во светската еко­номија, туку од „редицата подеми и падови кои најдобро можев да ги про­читам“, вели Сорос, „секогаш во себе содржеле поли­тички елемент“. Сорос најверојатно ќе има многу можности да го прикаже својот талент за препознавање на политиките и политичарите. Всушност, можете да си ја замислите големата игра на домашната политика во која се вклучи Сорос, како многу слична на онаа во која тој управува со милијардите долари. Само што овде препреките се многу поголеми (Сорос со свои зборови).

Новата книга на Џорџ Сорос, „Балонот на американската надмоќност“ (The Bubble of American Supermacy), треба да пре­дизвка „бум“ кога ќе биде публикувана во јануари. Но, Сорос, исто така и есенва издаде книга: ново издание на „Алхемија на финансиите“ (The Alchems of finance), негово објаснување на финасиските пазари од 1987-та година. Во оваа нова верзија, тој се обидува да ја појасни својата теорија за „рефлек­сив­носта“. Некои читатели сфатија дека овој концепт значи дека цените на пазарот влијаат од очекувањата, а не само од „финан­сиските параметри“. Сорос го користи новиот вовед за да об­јасни што навистина мислел: Оче­кувањата и фактите од реалниот свет се во инте­ракција, така што тие често пати ги менуваат наводно цврстите факти на начини што изненадуваат. На пример, наду­ените очекувања од интернет-компаните ја кренаа вредноста на нивните акции. Но, наеднаш, „фак­тите“ се сменија. Прашајте кого било од „Time Warners“ дали Сорос наумил нешто.


9/27 Fortune Magazine profile

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA