|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Регионален проект
Европската Унија не е член на вашата политичка партија
Младинскиот културен центар од Битола како национален координатор за Македонија годинава работи на регионалниот проект “вропската Унија не е член на Вашата политичка партија”. Проектот е започнат во декември минатата година и го третира проблемот на политичка дискриминација во процесот на вработување на граѓаните, односно постоењето на систем на нееднакви можности при вработувањето, создаден под влијание на политичките партии. Се спроведува во Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и протекторатот Косово како заедничка иницијатива на Младинската мрежа на Југоисточна Европа (СЕЕЅН), Балканската мрежа за човекови права (БХРН) и Мрежата за печатени медиуми на Југосточна Европа (СЕЕНПМ), со финансиска подршка од програмата ФРЕСТА на Данското министерство за надворешни работи, а во него се вклучени и граѓанските организации:АДП -Зид, Подгорица – Црна Гора (носител на проектот); Едукативниот центар – Крушевац, Србија; Албанскиот младински совет, Тирана, -Албанија; АДИ- Приштина, Косово; АДИ –Гостивар, Македонија.
На отворениот конкурс за карикатура на тема „ Без партија – без работа”, победи карикатуристот Владимир Казаневски а неговото дело заедно со другите пристигнати карикатури во текот на август беа презентирани на изложба во Културниот центар Точка во Скопје.
Младинскиот културен центар од Битола организираше и протестен перформанс пред Агенцијата за вработуванје и штабовите на политичките партии, ја лансираше веб страницата њњњ. емплоѕментрулес.орг, ја промовираше отворената телефонска линија за пријавување на случаи од граѓани за дискриминација во процесот на вработување, а во септември ќе биде промовирана и книга со експерските анализи и резултати од истражувањето на сите земји вклучени во проектот. К.Б.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|