|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Сметководство на непрофитните организации II
Платен промет на непрофитните организации
2.4. Што содржи налогот за безготовинско плаќање и кога се пополнува?
Налогот за безготовинско плаќање или образец ПП 30 се пополнува за сите безготовински плаќања, односно кога се вршат плаќања директно од една сметка на друга. Налог за безготовинско плаќање е налог за пренос на средства, а ги содржи следните елементи: назив (име) на налогодавачот – се впишува називот на носителот на сметката од која се пренесуваат средствата; број на сметката на налогодавачот – се впишува бројчаната ознака на жиро-сметката на налогодавачот; назив (име) на примателот – се впишува називот на носителот на сметката на која се пренесуваат средствата; бројот на сметката на примателот – се впишува бројчана ознака на жиро-сметката на примателот; износ – се впишува износот кој се исплаќа и тоа на начин каде што пред бројот се става ѕвездичка или знак еднакво (=), износот се впишува во денари и дени, и тоа на начин денарите од дените да се издвојат со децимална запирка со две децимални места, а износот на илјадите се раздвојува со точка; цел на дознаката – кратко се опишува целта на плаќањето; шифра на описот на плаќањето – се внесува ознаката на описот на плаќање која ја одредува банката; повик на бројот на задолженијата – се внесува договорената ознака за да има налогодавачот дополнителна информација за целта на плаќањето; повик на бројот на одобрувањето – се внесува договорената ознака за да има примателот дополнителна информација за целта на плаќањето; датум на валутата – се впишува датумот кога треба да се изврши налогот; датум на поднесувањето – се впишува датумот кога налогот е поднесен на извршување во банката; заверка на налогодавачот – се заверува налогот со потпис на одговорното или одговорните лица.
2.5. Што содржи налогот за јавни приходи
Налогот за јавни приходи или образец ПП 50 се пополнува за плаќање на обврските на државните (буџетски корисници) и даноци и јавни давачки кои произлегуваат од редовното работење.
Образецот ПП 50 ги содржи следните елементи: назив (име) на налогодавачот – се впишува називот на организацијата од чија сметка се пренесуваат средствата; бројот на сметката на налогодавачот – се впишува бројот на жиро-сметката; даночен број или ЕМБГ; цел на дознака – кратко се опишува целта на плаќањето; назив на примачот – се впишува името на буџетскиот корисник; износ – се впишува износот кој се исплаќа и тоа на начин кадешто пред бројот се става ѕвездичка или знак еднакво (=), износот се впишува во денари и дени, и тоа на начин денарите од дените да се издвојат со децимална запирка со две децимални места, а износот на илјадите се раздвојува со точка; бројот на трезорската сметка; уплатна сметка - бројот кој ја определува општината и приходното место; сметка на буџетскиот корисник – неговата лична сметка; приходна шифра и програма – бројот на видот на приходот, назив (име) на примачот –се впишува името на буџетскиот корисник; бројот на сметката на примателот – се впишува бројчана ознака на жиро-сметката на примателот.
Налогот за јавни приходи се поднесува во 2 примерока. Првиот примерок останува за банката како налог врз основа на кој е извршена исплатата од сметката на плаќачот. Банката ја потврдува исплатата на другиот примерок – налог за исплата или на друг начин.
3. Може ли сметката на непрофитната организација да биде блокирана и кои се обврските на организацијата во тој случај?
Сметката на непрофитната организација како правно лице може да биде блокирана поради неизвршени налози за плаќање (пр. законски обврски, јавни приходи, судски и извршни пресуди и сл.) и тогаш организациите не можат да извршуваат сметководствени плаќања (плаќања со кои се подмируваат обврските и/или се наплаќаат побарувања пресметковно, без пренос на пари т.е. пребивање, цесија, асигнација, отстапување на долгот). Доколку непрофитната организација има отворено повеќе сметки за редовно работење, должна е првиот ден по приемот на известувањето за блокадата на сметката да даде налог за пренос на средствата од другите сметки на сметката која има евидентирани неизвршени налози за плаќање.
Подготвиле Милка Божиновска–Миова Емина Нурединоска
Користен материјал: “Морам, могу и хоцу (рацуноводство малих удруга)”, ИЦНЛ, Ри-Центар
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|