Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Европа

   

Европски парламент

Стипендии за практиканти и студиски посети

Европскиот парламент нуди различни стипендии за практиканти во рамките на својот секретаријат со цел да придонесе за про­­фе­сионална обука на младите граѓани и за разбирање на работата на институцијата. Стипендиите можат да бидат неплатени или платени, а крајниот рок за аплицирање е фиксиран на 15 октомври секоја година (за стипендии кои започнуваат на 15 февруари) и на 15 мај (за стипендии со почеток на 15 септември). Парламентот, исто така, нуди студиски посети со цел да им се даде можност на граѓаните подетално да ги проучат специфичните теми поврзани со евроинтеграцијата, дури и преку консултирање со документи во библиотеките или архивите на Европскиот парламент, односно пре­ку контакти со членовите на Парламентот или неговите службеници. Максималното траење на студиските посети е еден ме­сец. Повеќе информации побарајте на: www.europarl.eu.int/stoa/scholarl/default.htm ; www.europarl.eu.int/stages/default_en.htm ; Е-маил: stages@europarl.eu.int

Т.Х.

 

Норвешка

Под клуч фирмите кои ги запоставуваат жените!

Од 2007 година Норвешка ќе почне да ги затвора фирмите кои нема да имаат поставено барем 40 проценти жени на раководните места, бидејќи досегашната пракса која не вклучуваше казни не даде добри резултати. Норвешкиот парламент во 2002 година им порача на фирмите до средината на 2005 година да обезбедат застапеност на половите на раководните места во сооднос не поголем од 40:60, со што би ги натерале раководствата на фирмите да се однесуваат во склад со нордиската традиција за рамноправност на половите. Иако вла­дата нема изречено ниту една санкција за непочитување на препораката, многу фирми ја осудуваат велејќи дека на тој начин им се поставува најтешката задача на полето на половата рамноправност. Министерството за де­ца и семејство на Норвешка истакна дека фирмите до­се­га биле спори во спроведување на таа одлука и дека е крајно време да се вработат повеќе жени. Оние кои нема да ја послушаат таа одлука да 2007 година, ќе се соочат со затворање на нивните фирми.                

Г.Ш.

 

Европска комисија

Годишни програми за западен Балкан

Европската комисија ги усвои своите годишни програми за Македонија, за Србија и Црна Гора и Косово. Во рамките на Програмата КАРДС за 2005, за Македонија треба да се потрошат 34,5 милиони евра, 184 милиони евра за Србија и Црна Гора и 54 милиони евра за Косово. Годишните про­гра­ми на КАРДС за Албанија, за Босна и Херцеговина и Ре­ги­оналната годишна програма на КАРДС се во подготовка и треба да се одобрат во текот на годинава. Фи­нан­сис­ки­те средства од програмата се наменети за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, за човекови права, за граѓанско општество и медиуми, како и за функци­о­ни­рање на слободната пазарна економија. Се нуди и до­пол­нителна финансиска помош за генерирање одржливо еко­номско закрепнување и промовирање општествен развој и структурни реформи. Вкупната помош на КАРДС за земјите од Западен Балкан за периодот од 2000 до 2006 година изнесува околу 5 милијарди евра.

 

Совет на Европа

Нова студија за расистичкиот јазик во политиката



 

Европската комисијата против расизам и нетолеранција ЕКРИ (ЕЦРИ) при Советот на Европа одржа средба на три нивоа во Париз, на 21 март - Светскиот ден за елиминација на расната дис­криминација, со цел да ја претстави новата студија за употребата на расистичка, антисемитска и ксенофобиска реторика во изборните кампањи и други политички околности. За време на средбата, ЕКРИ исто така одржа и јавна презентација на нивната нова декларација по истото прашање. Студијата, из­готвена од политикологот Жан-Ив Ками, цитира бројни случаи во кои на европските или на националните избори се упо­тре­бу­ва расистичка, антисемитска и ксенофобиска реторика. Според извештајот, имигрантите и бегалците, особено оние од муслиманските земји, се примарна цел на политичарите кои ги користат чувствата на несигурност во с$ покомплексниот и мултикултурен свет. ЕКРИ смета дека с$ поголемата употреба на расистички, антисемитски и ксенофобиски речник и идеи во политичкиот живот, особено од страна на политичките партии на “мејнстримот”, е загрижувачки факт кој бара итно и концентрирано дејствување. Повеќе информации на: www.coe.int/T/E/Com/Files/Themes/racism/default.asp 

Т.Х.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA