|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Коментар
Продолжуваме со нова енергија
Завршуваме со летните одмори. И, се враќаме со полна енергија да се обидеме да продолжиме да го исполнуваме граѓанскиот свет околу нас со нови активности, да стекнеме нови искуства од новите предизвици што се наметнуват како реалност во престојниот период. Заминуваат многу традиционални донатори, долгогодишни поддржувачи на граѓанскиот сектор во Македонија. Засегнати се многу организации од овој “проблем”, но тоа ќе ни даде нови крила да научиме да бараме алтернативни решенија, можеби да побараме “пазар” и надвор од Македонија, да покажеме дали знаеме, што знаеме и колку знаеме.
Едно е сигурно. Многу домашни организации вртат во друг правец и с$ повеќе се потпираат на домашните и сопствените извори на средства. Законската одредба едно граѓанско здружение да може да основа друштво со ограничена одговорност и остваре ниот профит да го насочува во здружението исклучиво за неговата основна дејност, донациите од ЕАР што обично се реализираат преку одредени министерства, донациите на влади на држави, директно или преку нашата влада, донациите и фондациите на домашните претпријатија и компании, делот од буџетските средства предвидени за граѓански организации и сл., се само дел од алтернативните решенија за опстојување на граѓанските организации во Македонија во наредниов период, без големи турбуленции. Мора да се свртиме кон нив, зашто нема веќе косовска криза, ниту македонска криза, време во кое се слеаја најголем дел од странските донации, време кога голем број македонски здруженија на граѓани се навикнаа да доаѓаат до “лесни” донации. Можеби нема да биде лесно.
Сега е време да ги засукаме ракавите и да ја насочиме новата енергија во вистински правец, во правецот на неопходните промени.
Даниел Медароски
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|