ЛОГОС И АГТИС
Рецепт за пита од избори
Организацијата на жените „Логос” и здружението „Агтис” од Прилеп, во рамките на проектот за едукација на граѓаните за изборите, ја изготвија веб-страницата www.pitaodizbori.com.mk . На оваа веб-страница, која е финансирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, на оригинален „кулинарски” начин на граѓаните им се претставени „алатки” за комуникација, за тимска работа, за самоосознавање, за опкружувањето, како и преглед на изјави на жени-политичарки и жени активни во невладиното движење. На крајот е даден календар на активности и статистички преглед на жени-парламентарки во други држави.
|