Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Настани

   

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Насилството - преседан што не смее да се повтори

Хелсиншкиот комитет за човекови права упати соопштение до јавноста, во кое се вели:
“…Насилството не може и не смее да се перцепира како дел од активностите насочени кон заштитата на човековите права. Прифаќањето на ситуацијата на промени направени по насилен пат мора да се сфати на ниво на исклучок и израз на немоќта на инволвираните субјекти да најдат друг начин на решавање на проблемите, а не на ниво на алтернатива која може да се употребува во секоја ситуација на незадовоство од функционирањето на системот.

Во овој контекст, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со голема загриженост ја проследи и постапката за донесувањето на Законот за измени и дополнувања на Законот за посебни права на безбедносните сили и нивните семејства. Не навлегувајќи во политичките игри кои стојат зад одделни изјави на пратениците во Собранието на Републиката, сметаме дека од страна на некои претставници на албанската заедница е испратена многу погрешната порака од говорницата на Собранието и во процесот на (не) гласањето.
Од правен аспект спомнатиот Закон ги третира единствено правата и бенефициите поврзани со припадниците на регуларните сили на Министерството за внатрешни и на министерството за одбрана (независно од нивната етничка припадност). Овој Закон во никој случај не може да го регулира добивањето парично обештетување на припадниците на ОНА и сметаме дека се работи за сериозна заблуда на страна на оние што ги поистоветија припадниците на ОНА со поимите "борци" и "жртви", а сето тоа под закрила на Охридскиот рамковен договор и Законот за амнестија.
Самиот поим амнестија децидно објаснува дека се работи за сторители на (сериозни) кривични дела. Во оној момент кога тие луѓе зеле оружје во рака и на тој начин се обиделе да променат нешто во општеството - тие сториле кривично дело. Неспорно е и тоа дека и безбедносните и посебно парабезбедносните сили имаа свои "гревови" - за што се изјаснувавме во повеќе наврати. Меѓутоа, ни тоа не е основа да се каже дека припадниците на ОНА не правеле противправни дејства. Напротив, со самото донесување на Закон за амнестија се потврди фактот дека припадниците на ОНА направија голем број кривични дела и тоа оние најтешките - против животот и телесниот интегритет на човекот. Со тој Закон едноставно им се простува кривичниот прогон.”
Во соопштението понатаму се нагласува дека треба да се овозможи ресоцијализација на припадниците на ОНА и обештетување на вистинските жртви (независно од етничката припадност). Но, како што се вели, “… не се согласуваме со поистоветувањето на безбедносните сили со сторители на кривични дела и тоа - убиства. Не се согласуваме со било која порака која повикува да се повтори преседанот и сите незадоволници да земат оружје во рака, бидејќи така ќе станат - херои. Напротив, пораката треба и мора да гласи дека: нема да дозволиме преседанот да се повтори и дека сите оние што ќе сторат кривично дело - ќе бидат казнети (и оние без и оние со униформа) Поради сето тоа, Хелсиншкиот комитет посебно апелира до претставниците на Албанската заедница во Парламентот и Владата да се спротивстават на сите оние тенденции со коишто силата се издигнува на ниво на легитимно средство на политичката борба.”

М.И.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 25 Март 2003
Настани
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Појмовник
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA