|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Центар за економски истраЖувања и за постдипломски студии
Докторска програма по економија
Центарот за економски истражувања и за постдипломски студии ЦЕРГЕ (ЦЕРГЕ) - Економски институт (ЕИ) нуди програма за докторски студии по теоретска и применета економија за стекнување докторска диплома која е целосно признаена во Соединетите Американски Држави и во Република Чешка. , Прага. Крајниот рок за аплицирање е 30 март 2004 Докторската програма се состои од двегодишни предавања, по кои следува двегодишно дизертациско истражување под супервизија. Работен јазик на институцијата е англискиот. ЦЕРГЕ-ЕИ ги поттикнува своите студенти да извршат дел од дизертациското истражување во некоја од партнерските институции во западна Европа или во северна Америка, како и да учествуваат во заедничките истражувачки проекти во други земји. Повеќето студенти добиваат настава и стипендии за максимум четири години студии - за што не е потребна посебна апликација. Избраните кандидати ќе бидат поканети да учествуваат на подготвителниот семестар во јули и август, кој ќе биде од натпреварувачки карактер, по кој ќе се донесе конечната одлука за прием. Студентите можат да бараат покривање на патните трошоци. Барањето за таков грант треба да се приложи заедно со формуларот за апликација и треба во слободен формат јасно да ја објасни потребата од таков грант. Дипломците на ЦЕРГЕ-ЕИ имаат извонредни можности за вработување. На пример, за нашите бивши ученици има места во владините министерства како политички советници, главни економисти во меѓународни банки, како академици на универзитети и истражувачки институции насекаде во светот, како и во мултинационални корпорации. За повеќе информации посетете ја веб-страницата : http://www.cerge-ei.cz/phd/.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|