Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Репортажа

   

репортажа: Летен камп

ДЕСЕТ ДЕНА ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Од 9 до 19 јули оваа година во Охрид, се одвиваше летниот камп за учениците од училиштата вклучени во програмата Применето образование на младите Роми. Кампот опфати 76 ученици и 15 наставници од 15 основни училишта

На терасата од хотелот “Климетица” на брегот од Охридското Езеро, светнатите детски лица љубопитно н$ погледнуваат. Незабележливо мрднуваат со главите во знак на поздрав, ма­ла насмевка на крајот од усните и заминуваат каде што тргнале. На ручек. “Дојдовме на ден, да видиме како ви оди”, ги слушам моите колеги Нахида и Влатко како им објаснуваат на наставниците и претставниците на граѓанските организации задол­же­ни за спроведувањето на кам­пот. “Добро е, добро”, одго­вараат тие,”впрочем и сами ќе се уве­ри­те, поразговарајте со децата нека ви ги кажат своите впечатоци”.

Лет­ниот камп се одржува веќе четврти пат. Осумдесетина учени­ци од 15 основни училишта од 11 градови во Македонија учеству­ва­ат во кампот. Тоа е награда за нив­ниот труд во текот на школ­ска­та година, награда за нивниот успех и нивиот интерес да научат повеќе.

Кампот како награда

 “Знаеш ли зошто си овде”, го прашувам малиот Омер Хасани од Ско­пје. “Ова е награда за мене затоа што добро сум учел, сум бил ми­рен”, ми одговара тој во еден здив. Омер завршил четврто од­де­ле­ние и ова му е  втор пат да оди некаде надвор од Скопје без мама и тато. “Еднаш бев на екскурзија и ова сега”, објаснува тој. “Добро ми оди во училиштето, поминав мно­гу добро. Следната учебна година ќе бидам петто одделение и ќе имам многу нови наставници, но не ми е страв, нема зошто да се плашам, ќе учам повеќе и тоа е тоа”. Кога го слушате Омер, ви се чи­ни дека с$ е толку едноставно и решливо. “Сега не сакам да се вра­там”, ми се доверува Омер, “убаво ми е тука. Се запознав со многу деца од различни градови, цел хотел ми се другари. Им се пофалив на моите дома дека научив да пливам”. Додека го јаде својот сла­до­лед десетгодишниот  Омер веќе ги кова плановите за следната го­дина, “ќе се трудам да поминам со четворка или да имам подобар успех за да дојдам пак на кампот”, вели тој.

И Фатош Усеинова и Елзина Мемедова од Делчево веќе жалат што на дружбата во кампот ќе & дојде крајот. “Овде с$ е интересно”, велат тие. “До кампот стасавме со многу труд, со учење”, вели Елзина, “им препорачуваме на сите деца да учат повеќе, да се трудат за да имаат прилика да дојдат на кампот и да се забавуваат следното лето.

Летниот камп не е награда само за учениците од ромската етничка заедница. На него учествуваат и деца од другите етнички заедници од Македонија. “Не ми пречело никогаш што се дружам со Роми, и тие се деца како нас”, вели Маријана Атанасовска од Делчево. “Меѓу нив има подобри и полоши во училиште, исто како и другите деца. Треба сите да се дружиме, без раз­ли­ка на националноста”, додава таа. Маријана мисли дека од кампот ќе замине поинаква, “сега поинаку раз­ми­слувам, кампот ме поведе во еден друг правец”, вели таа, “подобар, по­пози­тивен. Благодарение посебно на предавањата, мислам дека ќе би­дам поинаква кога ќе се вратам до­ма, подобра од претходно”.

Квизот

Во текот на нашата еднодневна посета имавме можност да видиме еден од регионалните квизови. Имате чувство дека се враќате назад, во вашите школски денови. Тогаш кога вие сте одговарале на пра­ша­ња­та која е најголемата река во Африка, која година завршила Првата балканска војна, која е ознаката за хемискиот елемент сре­бро и сл. Полетноста, ентузијазмот на учесниците во квизот, бо­дре­ње­то од публиката во салата, едноставно ве ставаат во “машина”, па и вие станувате страсен навивач на екипите што се натправаруваат.

А тие, главните актери, членовите на натпреварувачките екипи, се­риоз­но и се посветени на нивната цел, да освојат што е можно по­ве­ќе поени и да се пласираат во следната рунда натпревари.

За Сардије Ухо, петнаесетгодишната гостиварчанка, квизот беше пр­во такво искуство. “Беше многу интересно и не беше тешко, супер бе­ше. Имавме помош од наставниците додека траеја подготовките. Им се обраќавме за с$ што не ни беше јасно”, вели таа. “Мене ми е важно да научам повеќе од она што редовно го учиме во училиште. Додека се подготвував за квизот, научив многу нови и интересни ра­боти”, додава Сардије.

Квизот не е поле за покажување на знаењето само за учениците. Са­мо на момент да ги видите лицата на нивните наставници, ќе знаете за што ви зборувам. Тој натпреварувачки дух е во секого на тој квиз. Це­лата таа енергија насочена кон новите знаења не можела попозитивно да се искористи. 

Соништата

На кратката пауза помеѓу две рубрики од квизот водителката најави дека на за­бавата што ќе се случува таа вечер ќе се избира и мис и мистер на кампот. Си­те пријавени кандидати своето прво појавување пред публиката ќе го имаат по завршувањето на квизот.

Зошто сите кои ја поминале границата на детството имаат потреба да ја напра­ват споредбата со “нивното време”? Јас секако не сум имуна на тоа. И каков беше резултатот од таа споредба? Ме воодушевија младите кандидати со својот слободен настап, како да пораснале на пистите. Мислиш само што излегле од курсот за манекени и фотомодели којшто го поминале со одличен успех.

Претставувањето беше ком­плет­но. Име и презиме на кан­ди­да­тот, возраст (кое одделение за­вр­шил) и што сака да биде кога ќе порасне односно какви се не­го­вите соништа.

На импровизираниот подиум про­­­дефилираа триесетина строј­ни и дотерани девојчиња и мом­чиња чии соништа за миг станаа достапни и за нас. Тоа беа идни­те стоматолози, адвокати, лека­ри, полицајци, актери, пејачи... 

“Сакам да бидам актер”, само­у­ве­рено ми кажа Омер, кој исто та­ка се кандидирал за мистер на кам­пот. “Знам дека треба да учам за да бидам актер. Сакам да бидам како Џет Ли, и да глу­мам како него во акциски филмо­ви”.

Сардије не го крие задоволството што го направила првиот чекор за да си го оствари сонот. “Сега се запишав на медицина во Гос­ти­вар. Уште од малечка сакав да бидам докторка и ова е чекор кон исполнување на таа моја желба”, вели ид­на­та доктока. За Ѓултена Мемедова предизвикот е во средното полициско училиште. “Сакам да учам за полицајка како мојот братучед. Тој ми раскажува за неговата професија и ми изгледа многу интересно тоа занимања. Се наде­вам дека ќе ме примат догодина кога ќе завршам осмо одделение”, вели Ѓулте­на.

Можете така да ги слушате со часови. Тие ги плетат своите соништа, ве препла­ву­ваат со својот ентузијазам, а вие имате чувство дека ви се полнат “бате­ри­ите” со оптимизам, онаков каков што само децата можат да ви дадат. Тие заслу­жуваат многу повеќе од она што го имаат. Заслужуваат возрасни кои ќе го поддржат нивниот оптимизам, кои ќе ги поддржат нивните соништа. Заслу­жуваат услови во кои ќе ги исполнат своите соништа и ќе зачекорат во својата поубава и посигурна иднина.


Сакине Џеладиновска

поп-пејачка и учесник на кампот во 2002 година
“Се сеќавам на повеќе работи кои мене ми се многу драги. Тоа беше летото кога завршив седмо одделение.  Кога мојот поранешен педагог Валентина ми ја соопшти веста бев пресреќна бидејќи прв пат ќе имав такво искуство да се дружам со другарчиња од целата држава од кои околу 90% беа од моја нацоналност, т.е. Роми. Нетрпеливо го чекав тој ден, имав претчуство дека тоа лето ќе биде доста интересно. Автобусот со кој патувавме беше полн со деца од целата држава. Не ни требаше многу време за да ги оствариме првите контакти. Бевме сместени во хотелот Бетон на плажата Славија. Во соба бев со Милена и Азра, мои соученички од основното училиште “Ѓорѓи Сугарев”, кои и денес ми се многу добри другарки балагодарение на кампот. Секој ден ни беше исполнет  со најразлични активности. Бевме потикнувани да сфатиме дека образованието и едукацијата се многу значајни за нашиот понатамошен живот. Разговаравме за тоа како се работи во сите градови со ромската популација и заклучив дека сите се заинтересирани  Ромите да одат напред во поглед на културата, образованието...

Многу ми се допадна оваа акција затоа што се зближив со многу деца со најразлични карактери, способности, размислувања и идеи. Запознав и едно симпатично дете, се сеќавам се викаше Фидан од Гостивар. Паметам и дека Азра се научи да плива со помош на педагогот Валентина, за која морам да кажам дека е извонредна личност во која  не гледавме професор, туку наша другарка со која можеш да разговараш на било која тема.

Тие десет дена сите бевме едно големо семејство. Посетивме повеќе значајни места во Охрид: манастирот Св. “Наум Охридски”,  Самоиловата тврдина и др. за кои учевме по историја. Ни организираа маскембал, а на натпреварот по танцување Азра освои прво место. Немаше натпревар за пеење, но јас ги забавував пеејќи со часови. Сите беа сигурни дека еден ден ќе имам посериозно музичко искуство.

Многу би сакала уште еднаш да ми се повтори ова неза­боравно искуство.

Секој ученик кој има желба да учи ќе биде награден не само со кампување, туку и самиот живот ќе го награди не­го­виот труд и желба. Образованието е мојата најважна ра­бота, сакам да станам важна личност која ќе има со што да се гордее пред јавноста, затоа што нема ништо позначајно од тоа да напредуваш во животот. Сакам сите, посебно мојата нација, која во последно време забележува пораст во сферата на образованието, да имаат јасна цел и да го следат својот сон, да не бидат негативни и да не се зближуваат со пороците на де­нешницата, туку да им по­ма­гаат на сите кои ќе побараат по­мош и поддршка на кој било кој на­чин, затоа што сигурно ќе се чу­в­ствуваат многу уба­во и при­јат­но.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA