Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 16 Мај 2002  Избор

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

ИНТЕРНАЦИОНАЛ

Дали очекуваме премногу од граѓанското општество?


Бери Смит

Во текот на изминатите неколку години, „зацврстувањето на граѓанското општество” стана главна преокупација на развојната бригада. Конференцијата по повод 10-годишнината на ИНТРАЦ беше ретка прилика за влијателните играчи во развојот критички да размислат за условите на нивната трговија – а особено за високите очекувања поврзани со „граѓанското општество”.

Ален Фаулер, основачки партнер на ИНТРАЦ, ја започна дебатата со еден аргумент против општо прифатената вистина дека граѓанското општество не е всушност сектор со јасно дефинирани граници. Наместо тоа, тој наметна едно покомплексно сознание за граѓански систем кој е во интеракција и се поклопува со општествено-политичкиот и општествено-економскиот систем.

Академиците Џуд Хауел и Џени Перс се осврнаа на консезуалниот и конфликтниот модел на граѓанско општество, констатирајќИ една тенденција која постои во Хуманитарната пракса на Запад со која во преден план се става еден деполитизиран, консензуален или таканаречен „њин-њин” (победи-победи) модел, кој е повеќе или помалку универзално применлив. Како и Фаулер, така и тие застапуваа едно подлабоко и покомплексно разбирање кое ги признава нееднакво моќните односи и динамичната улога на конфликтот - внатре во самото граѓанско општество, како и помеѓу него и останатите сектори. Нагласувајќи ги огромните разлики во меѓународен контекст, Хауел и Перс беа јасни во ставот дека во зацврстувањето на граѓанското општество, „една големина воопшто не се совпаѓа””. Голема доза на понизност им беше препишана на градителите на капацитети на граѓанското општество, заедно со признанието дека постоечкото граѓанско општество не се дава себеси на надворешното општествено манипулирање.

Ако граѓанското општество не успеа да ги исполни очекувањата на доблесен цврст оддел, следува дека обезбедувачите на помош сега мораат да се борат со една поконфузна и променлива појава: граѓанско општество кое е истовремено и проткаено и независно од останатите општествени сфери, како и од многубројните идентитети на вистински, а не теоретски - граѓани. Рајеш Тандон од ПРИА (Индиа) моќно зборуваше за овие истовремено постоечки идентитети, почнувајќи од традицијата, етничката припадност, религијата, интересите итн. Можеби во време на стрес и општествени промени, луѓето се преориентираат кон не толку „”модерни” видови здружувања”, како на пример клан или вера. Во реалниот свет на многубројни идентитети и потенцијални конфликтни афинитети, дали можеби премногу ги оптоварувамеслабите и кршливи граѓански и доброволни организации со очекувања за општествена кохезија?

Учесниците ја предизвикаа доминацијата на НВО-измот и неуспехот на хуманитарната пракса, како и размислувањата да се опфати огромната различност на граѓанското општество - вклучувајќи го и во голема мера скриениот свет на неформални и традиционални организации/асоцијации. И Фаулер и Тандон се залагаа за потрага по нови центри на граѓанска енергија и желба од страна на хуманитарниот систем да се ангажира онаму каде порано им стравуваа да стапнат.

Во заклучното обраќање, Рајеш Тандон зборуваќе со жар за потребата од идентификување и проширување на граѓанскиот простор во кој граѓаните, особено сиромашните, би зеле значајно учество. Со оглед на фактот што настаните од 11 септември сеуште одекнуваат, тој предупреди дека доколку се продолжи со исклучување на милиони луѓе од граѓанскиот простор, тоа би било сигурен рецепт за ширење на „не-граѓанско” општество” и насилна реакција. 

ВО РАМКИТЕ НА GERMAN MARSHALL FUND
Трансатлантски центар
Новоотворениот Трансатлантски Центар во Брисел во рамките на German Marshall Fund има за цел да стане водечка think-tank организација (експертска советодавна организација) по прекуокеански прашања, изјави основачкиот извршен дирецтор Вилијам Дроздијак. Меѓу останатите, тука е и Трансатлантската пријателска програма, која ќе поддржува група Американски и Европски аналитичари кои вршат истражувања и пишуваат за ЕУ и нејзините односи со Америка. Центарот исто така ќе служи и како независен форум за различни настани фокусирани на односите меѓу ЕУ и САД и на поддршката на други научни турнеи, спонзорирани од ГМФ (Герман Мрсхалл Фунд), како и размени поддржани од Владата на САД и стопанските лидери.

На Официјалното отварање на 7 декември 2001, Хавиер Солана од Европската Унија го поздрави Центарот како прв од тој вид, гледајќи го како важен сојузник на ЕУ кој ќе игра огромна улога во „глобализираниот свет””. Американскиот амбасадор исто така ја нагласи моќта и важноста на Центарот и призна дека денес во САД, па дури и во Вашингтон, многу малку се знае за плановите на Европа.

„”Аллианце””, март 2002
 

 

©MCMS - designed by KOMA