|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Македонски центар за независна иницијатива (МЦНИ) - Радовиш
ЈАКНЕЊЕ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈАТА
Македонскиот центар за независна иницијатива (МЦНИ) од Радовиш е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување на нивните интереси. МЦНИ е основано на 24.04.2001 година.
Една од основните цели на здружението е јакнење на граѓанското општество и демократија во РМ. Здружението се залага за развојот на демократијата, граѓанското општество, човековите права и јакнењето на граѓанскиот сектор.
МЦНИ соработува со повеќе здруженија на граѓани од општината, но и пошироко, а е дел и од мрежните организации на Граѓанската асоцијација МОСТ преку која ги реализира проектите за набљудување на три изборни циклуси -Парламентарните избори 2002, Претседателските избори 2004 и набљудување на Референдумското изјаснување 2004 година. Како дел од мрежната организација, МЦНИ учествуваше и во набљудувањето на Претседателските избори во Украина како дел од мисијата на ЕНЕМО во ноември 2004 година.
“Соработката со ГА МОСТ се одвива и во проектот ‘Мобилен парламент’”, вели Тања Милева, претседател на здружението, “преку кој во општина Радовиш се одржа средба на пратеници со граѓаните од општината на тема ‘Радовишкото стопанство, распродажба, инвестиции, иднина’. Вклучени сме и во мрежата на проектите ‘Доста е’, НВО Парламент и во Кампањата за разоружување”, додава таа.
Досега МЦНИ реализира повеќе проекти, меѓу кои: “Наркоманијата и криминалот (борба и превенција од овие пороци) во општините Радовиш, Подареш и Конче”, “Младите во процесот на евроинтеграција”, “Забава и дружење на младите преку спорт”, “Едукација на жени гласачи за изборите во руралните средини” и “Обука за односи помеѓу родовите”, а во моментов се спроведува проектот “Немојте да живеете во мрак, навремено информирајте се од сексуално преносливите болести”. Според Тања Милева, приоритетната активност на МЦНИ во 2005 година ќе биде отворањето канцеларија во просториите на општината со цел да се зајакне соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓаните во општината Радовиш.
Можност за контакт: МЦНИ Радовиш, ул. “Самуилол” 2420 Радовиш.
тел./факс 032/633-119, електронска пошта: мцниЖмаил.цом
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|