|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Формиран нов форум во Битола
Се обединија триесет граѓански организации
На 9 јули оваа година, во Битола, се основа Форум на здруженија на граѓани, на кој му пристапија 30 граѓански организации од општината. Ова прво и единствено тело во општината, формирано на иницијатива на граѓанската асоцијација „Битола”, здружението на жените „Престиж” и Движењето за околината „Молика”.
Обединувањето значи чекор напред кон јакнење на кацапитетите на здруженијата, ефикасна, транспарентна и демократска комуникација на истите, врз основа на потпишан документ за меѓусебна соработка. Иако во општината Битола има регистрирано над 450 здруженија на граѓани, само дел од нив се активни, многу малку се координираат меѓу себе или се повторуваат во програмските активности.
Со потпишување и поддршка на Меморандумот за оформување на Форумот, локалната самоуправа, истакнати институции, конзуларни преставници, приватни стопанственици и поединци, станаа членови на неговото советодавно тело. На основањето на Форумот, 11 организации се избрани за членови на Граѓанскиот комитет, чиј член е и градоначалникот на општина Битола.
Извршната канцеларија на Форумот ја сочинуваат претставниците на организациите кои во наредниот двегодишен период ќе ги координираат и воспоставуваат мостовите помеѓу здруженијата и локалната самоуправа, бизнис-секторот и медиумите и ќе работат на јакнење на капацитетите на ГО, на промовирање работни групи, унапредување и заштита на правата и интересите на членките, на соработка со институциите на сите нивоа. Форумот планира да изготви акциски план за 2007-2017 година со прецизна динамика на извршување на истиот.
На основањето на Форумот учествуваа амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, претседателот на советот на општината Битола, Лилјана Кузмановска, конзулите на конзуларните претставништва во Битола, претставници од бизнис-секторот, медиумите, како и претставници од граѓанските организации.
Г.Ш.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|