Интервју: Сашо Голов, претседател на Центарот за развој на Демократијата
Македонија е место за кое вреди да се запне
“Ева”, “Другите”,”Повратници” се дел од телевизиските емисии коишто ги подготвува Центарот за развој на демократијата во прилог на свртување на вниманието на јавноста кон секојдневните, само навидум (не)присутни актуелни појави и проблеми со коишто е исполнета реалноста на граѓаните. Која е спецификата на секоја емисија поодделно?
Ева е “женски” телевизиски магазине, кој се осврнува на конкретни женски проблеми во земјите во транзиција, така што земјите-подготвувачи на магазинот ги прикажуваат своите состојби, притоа обработувајќи конкретни аспекти од одреден проблем или состојба, преку конкретна животна приказна на една своја жена, а притоа водејќи сметка за гледаноста на вкупната емисија. Илустрирано, тоа би било отприлика магазин во којшто ако, да речеме, се зборува за семејното насилство, екипата од Романија ќе прикаже прилог за малтретирана жена, Унгарците ќе зборуваат за проблемите на децата од такви семејства, Србите за родителскиот аспект на проблемот, Албанците за пример на малтретиран маж, а Македонците ќе направат генерална анализа на проблемот на семејното насилство во транзициско општество. Така се добива генерална слика за состојбите со конкретен проблем во нашиот регион којашто на гледачите не им е здодевна, а на водителите на магазинот во сите земји им дава простор за дискусија на темата, за споредби и за анализи. Технички, телевизиски, тематски тоа е добро, корисно и за споредби и учење од другите. И досега тематски се опфатени педесетина различни теми, а се надеваме дека списокот ќе биде збогатен за барем уште дванаесет нови теми.
Со истиот “трик” и со истите партнери го правевме и магазинот “Димензија”, посветен на малцинствата во нашите земји, а со други партнери - од Бугарија и од Србија, го правевме ромскиот магазин “Комшилук”. Приодот со фокусирање на животни приказни на луѓе од различни етнички групи, луѓе со специфични потреби, или луѓе по каква било друга основа различни од мнозинството, го применивме и во магазинот “Другите”, праќајќи притоа порака до јавноста дека живеењето со различности е секојдневие кај нас со векови наназад. Проектот на телевизиите можеше да се види под насловот “Другите” и е гордост на ЦРД. Од 2003 г,, кога почнавме, до денеска, 108 такви приказни за наши луѓе “видоа свет”, а токму во овој период можат и пак да се видат на првата програма на Македонската телевизија.
“Повратници”, пак, повторно се фокусира на животни приказни на луѓе, но на такви кои живееле “на Запад” и кои можеле да останат таму, ама сепак се вратиле и почнале бизнис тука. Целта беше да се покаже дека и тука може да биде “Запад” и да се искористи знаењето на оние кои се вратиле, за да се направи “Западот” побргу реален и тука, да се поттикне враќањето на заминатите и да се спречи заминување на способните. Затоа и МТВ го емитуваше на својот сателитски канал.
Сите овие проекти беа поддржани од Институтот за меѓународни односи ИФА од Штутгарт, од германската влада, во рамките на Пактот за стабилност. Со УНДП, пак, направивме сличен проект којшто се фокусира на остварувањето на Милениумските глобални цели во нашата земја и којшто презентира напори на организациите од системот на ОН и на нашите луѓе да се направи Македонија пристојно место за живејачка. Место за коешто вреди да се запне за да се направи вредно за живеење.
Таа мисла е водечка во секој проект што го прави ЦРД.
Емисиите се презентираат на државната телевизија, но и на приватните канали во Македонија, а дел од нив и во земјите од регионот. Со што с$ се соочивте при градењето на оваа нова, регионална соработка? Кој с$ е вклучен во неа? Соработуваме со невладини организации, со јавни и приватни телевизии и со приватни продукции од Албанија, од Бугарија, од Романија, од Србија, од Унгарија и од Германија и со соодветни партнери од земјава. Работиме заедно и со европски ситничави бирократи и со балкански зборливи влечковци. Мислиме дека ние придонесуваме кон општеството со толерантноста и со моќта за прилагодување. Инаку, интересно е дека ваквата соработка почна под, условно речено, туторство од Германците, а продолжи со локални иницијативи и дружења коишто во многу случаи ги инициравме ние. На пример - партнерите на ЕВА меѓусебно ги запознаа Германците, а партнерството во ромскиот магазин “Комшилук” беше комплетно наша иницијатива. Убаво е чувството да се биде од најмалата земја во регионот, а сепак да се биде носител на проект.
Каде е земјава во однос на другите во создавањето телевизиски програми во чијшто фокус на интерес е човекот, а не политиката, бизнисот... Кога бев активен новинар и уредник, пред шест години, мака мачев да ги натерам младите колеги да ми најдат “животна” приказна. Сега таквите приказни с$ повеќе ги има низ медиумите. С$ уште не доволно и с$ уште се трча по сториите за тоа што ручале денеска главните мангупи, ама сепак ги има. Соработката со новинари од други земји овозможува некаква претстава до каде сме со “очовечувањето”, која секогаш не е пријатна за нас, ама мислам дека нештата се значително поместени. Ќе н$ биде, додуша не бргу, ама сепак...
Вашата работа главно е овозможена со германска финансиска поддршка. Постои ли интерес и кај домашните институции да ве поддржат во работата, но и да го искористат досегашното искуство во документирање на дел од историјата? Главен финансиер досега ни беше ИФА, практично германската влада. Без нив, ништо од нашите приказни немаше да види бел ден. Единствена помош од Македонија, повеќе симболична, видовме од Агенцијата за млади и спорт, а не знам дали и Институтот Отворено општество Македонија би се сметал за домашен помагач. И тие помогнаа еден наш значаен проект - Мултиетничката музичка топ-листа, која ја извадивме во пет емисии, заедно со МТВ, од студио, и ја донесовме меѓу средношколците. И, кога сме веќе тука, дефинитивно семи м благодарни на луѓето од МТВ, чие раководство има апсолутно разбирање за тоа што сакаме да постигнеме. Во иста мера помагаат и другите телевизии во земјава - Телма и многу други локални телевизиски станици.
Како гледате на процесот на градење на граѓанското општество во Македонија, земајќи го во обзир и следењето на демократизацијата на медиумите? Се оди премногу споро, поради сиромаштијата и поради исчашеноста на општеството во коешто има само бизнис-елити и црна сиромаштиа и речиси нема средна класа. Дури е така, ќе има економски или политички газди кои преку медиумите ќе напаѓаат кого сметаат дека треба, и сиромаштија на којашто таквите вести ќе & бидат единствената забава. И додека не се смени тоа, ваквите како нас во ЦРД ќе мораат да издржат, со Ваша помош и на Заедно сме појаки.
|