Енергетски ефикасна општина
Работилница за сончева енергија во Јегуновце
Во рамките на проектот „Енергетски ефикасна општина” - Јегуновце, во Централното основно училиште „Александар Здравковски”, на 23 септември се одржа теоретска и практична работилница за сончева енергија.
Организатор на семинарот беше работниот тим на Проактива, кој е имплементатор на проектот финансиран од Глобалниот еколошки фонд - Програмата за мали грантови во Македонија (ГЕФ/ПМГ) и Норвешкото министерство за надворешни работи. Присутните претставници од сите централни основни училишта во општината и локални волонтери помагаа при изработката на сончев систем за добивање топла вода од четири метри квадратни за потребите на градинката во Јегуновце.
Покрај локалните претставници, на работилницата присуствуваа Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ/ПМГ и Торе Браенд од „Пријатели на Земјата – Норвешка” (Фриендс оф тхе Еартх – Норњаѕ), претставник на проектниот партнер на овој проект на Проактива.
К.Б.
|