публикации

ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ПРЕДНОСТИ

Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп го издаде прирачникот „Децентрализацијата и нејзините пред­­ности” како дел од проектот „Граѓанско вклучување во процесот на децентрализација”. Прирачникот претставува практичен водич низ процесот на децентрализација.

 

НОВ РЕГИОНАЛЕН ИНФОРМАТОР

Групата за „Културни аспекти на траума”, која работи во склопот на мрежата СЕЕ РАН, финансирана од данското министерство за надворешни работи, го издаде првиот број на нивниот информатор. Овој информатор е отпечатен на англиски јазик и содржи информации од активностите на организациите од Македонија, од Албанија, од Косово и од Србија, кои работат на ставање на културата во функција на зближување на народите.