Јубилеј
Половина век на Римскиот договор
Европската Унија на 25 март свечено ќе прослави голем јубилеј – 50 години од потпишувањето на Римскиот договор (Треатѕ оф Роме) – документ со кој беше основана Европската економска заедница (ЕЕЦ). Документот на 25 март 1957 година го потпишаа шест држави: Франција, Западна Германија, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург (последните три подоцна се здружија во заедница наречена Бенелукс).
Полниот назив на овој документ е Договор за основање на Европската економска заедница. Тој претставува камен-темелник на денешната ЕУ. Подоцна, кон него се надоградија неколку амандмани, како Договорот од Мастрихт (1993) со кој од насловот на зедницата се отстрани поимот „економска”, а овој збор се отстрани и од договорот, кој сега е познат како „Договор за основање на Европската заедница” или, едноставно, Договор за Европската заедница.
Уште еден договор беше потпишан истиот ден, основајќи ја Европската агенција за атомска енергија (Еуатом). Овие два договори, здружени со Договорот за основање на Европската заедница за јаглен и челик (чија важност престана во 2002 г.), се познати со заедничкото име „Римски договори”. Тие беа подоцна и навистина консолидирани во еден договор.
М.И.
|