Албанија
Успешна работилница против злоставувањето на децата во семејството
Центарот за детски човекови права од Албанија – ЦРЦА њњњ.црца.орг.ал, во соработка со Министерството за труд, социјална политика и еднакви можности, Државниот секретаријат на Министерството за внатрешни работи и Советот на Европа организираа успешна „Национална работилница против злоставувањето на децата во албанските семејства, финансирана од Европската Унија.
Целта на работилницата беше да се направат почувствителни јавните институции, како на централно, така и на локално ниво, граѓанското општество, медиумите и јавноста за проблемот со злоставувањето на децата во семејствата во Албанија.
Злоставувањето на децата во семејството е едно од најлошите форми на кршење на детските права во Албанија. Недостатокот од соодветна легислатива често дозволува физичко и емоционално злоставување, вклучувајќи ја и негрижата којашто не е казнета од законодавните и правосудните органи. Иако многу европски земји го имаат забрането физичкото и емоционалното злоставување, како и негрижата за децата во семејството, Албанија е далеку од тие стандарди и е една од малкуте земји во Европа кои немаат прописна легислатива или механизми за казнување на злоставувачите. Работилницата беше фокусирана на работата на албанската влада и институциите, вклучувајќи ја и улогата на полицијата, социјалните служби и граѓанското општество, за заштита на децата од злоставување и негрижа во семејството.
Г.Ш. извор: онењорлд
|
|