интервју: Сашо Додовски. административен директор во МКЦ во Битола

Заинтересираноста на младите за волонтерските активности е навистина голема

Младите луѓе можат своите креативни потенцијали да ги откриваат и развиваат и во Младинскиот културен центар во Битола, кој успеа да заземе почитувано место во градот и во НВО-секторот во земјава. На што главно есенва ги фокусирате вашите активност

Се наоѓаме во година исклучително активна за МКЦ, во којашто слободно може да се каже дека немавме ниту една слободна недела. Активностите пред с$ се концентрирани на младите и се во симбиоза со нашите програмски активности.

Есенва главно сме насочени кон активностите поврзани со волонтерството и кампањата за Национален волонтерски центар што & претставува МКЦ Битола, како и кон подготовките за издавање “Урбан ДРИВЕ 2”, музичко ЦД на млади и аматерски бендови од Р. Македонија, поддржано од швајцарската организација Прохелвеција.

Ова е период кога ги сумираме резултатите од тековната и правиме планови за следната година, а во рамките на тоа и за одбележувањето на јубилејот, 10 години од постоењето на Младински културен центар, во февруари, следната година.  
 

Вие сте една од ретките организации којашто непрекинато работи на развивање на волонтеризмот во земјава. Отворивте и канцеларија за волонтерски сервис, организирате и кампови, размена со волонтери од други држави. Каква е досегашната заинтересираност на младите?
Ние сме една од лидерските организации селектирани преку програмите на ИТЗ и УСАИД во Македонија за јакнење и развој на граѓанското општество. МКЦ Битола доби грант за формирање на споменатиот Национален волонтерски центар во Битола, а отворивме и 5 волонтерски информативни точки, односно канцеларии низ Македонија. Исто така, годинава организиравме повеќе летни и зимски волонтерски кампови, испративме наши волонтери во странство и примивме странски кај нас. С$ на с$, заинтересираноста на младите во контекст на овие активности е навистина голема, а со тоа и перспективите на волонтеризмот во Македонија.  

И годинава го организиравте фестивалот БОГ - Битола отворен град, ја анимиравте јавноста со културни и економски случувања.

Што останува во градот по секое фестивалско издание како искуство, можност за понатамошен развој?
Петтото издание на фестивалот Битола отворен град” во август, годинава, претставуваше мал јубилеј, но истовремено и најуспешно издание на Фестивалот, голем број настани, голем број гости од странство и извонредна медиумска презентација. По секое фестивалско издание, градот е побогат со многу искуства и настани и с$ повеќе се отвора за културен туризам и можност за посетеност на с$ поголем број луѓе од земјава и од странство. Тоа всушност е една од нашите најзначајни цели, Битола да ја направиме град отворен и привлечен за сите.   
 

Невработеноста е една од темите на вашите проекти, тука е и проектот Коридор 8, преку кој ги искажувате вашите ставови за актуелните политички случувања. Како ја оценувате сегашната позиција на НВО-секторот во Македонија, можностите да ги презентирате своите ставови, достапноста до изворите за финансирање?
Постепеното повлекување на донаторите од регионот на Југоисточна Европа претставува тивка и с$ поголема закана за опстанокот на НВО-секторот. Но, истовремено и предизвик за свртување кон други начини на финансирање, соработка со бизнис-секторот, како и с$ поголемо насочување кон самоодржливост на граѓанските организации.

МКЦ Битола е една ретките НВО во земјава која с$ поголем дел од своите активности ги реализира од сопствени извори. Годинава тоа ќе изнесува околу 30 проценти од вкупниот буџет.

Водечка мрежа во проектот „Коридор 8 - Партнерство наспроти политика” е  Мрежата на млади во Југоисточна Европа, а во негова имплементација се вклучени и мрежите БХРН и СЕЕНАПБ, како и земјите од регионот, Албанија и Бугарија.

Паневропскиот транспортен Коридор 8, кој ги поврзува Бугарија, Македонија и Албанија и руско-грузиското Црно Море и италијанско-јадранските порти, обезбедува можност за проширување на регионалната соработка, согласно со официјалната декларација потпишана од страна на земјите вклучени во овој проект. Негова генерална цел е забрзување на изградбата и развојот на Коридорот 8, кој ќе биде траса за понатамошна економска, културна, социјална и политичка соработка, за превенција од конфликти и интеркултурен дијалог. Со проектот се охрабрува соработката и контактите помеѓу вклучените земји на полето на медиумите, младите, околината, волонтерската размена и економскиот развој, а за главни  партнери се сметаат невладините организации, позначајните медиуми, универзитетите, општините коишто се наоѓаат покрај Коридорот, како и членови на парламентите.

Би го споменал и искуството со проект чиј фокус е вработувањето.

МКЦ од Битола беше национален координатор за  Македонија на регионалниот проект „Европската Унија не е член на Вашата политичка партија”, кој започна во декември 2004 година и го третираше проблемот на политичка дискриминација во процесот на вработување на граѓаните, односно постоењето на систем на нееднакви можности при вработувањето, создаден под влијание на политичките партии.

Проектот се реализираше во текот на 2005 година во Македонија, во Црна Гора, во Србија, во Албанија и во протекторатот Косово како заедничка иницијатива на Младинската мрежа на Југоисточна Европа (СЕЕЈН), Балканската мрежа за човекови права (БХРН) и Мрежата на печатени медиуми на Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), со финансиска под­дршка од програмата ФРЕСТА на Данското министерство за надворешни работи. Во него беа вклучени невладините организации АДП-Зид, Подгорица - Црна Гора, Едукативениот центар, Крушевац - Србија; Албанскиот младински совет, Тирана - Албанија; АДИ Приштина - Косово; АДИ Гостивар - Македонија.

Во рамките на проектот отво­ривме медиумска дебата, из­лож­ба на карикатури во 3 градови, беше промовиран етичкиот кодекс за вработените во државната администрација, како и книга со експертските анализи и резултати од истражувањето од сите земји вклучени во проектот, а   отворивме и телефонска линија за пријавување случаи од граѓани за дискриминација во процесот на вработување.

Кампањата официјално за­поч­на во мај минатата година на плоштадот Магнолија во Битола со пародијата „Вработување без политички врски”, а вклучуваше и трибини и дебати во Скопје, во Битола и во Охрид и дистрибуција на пропаганден материјал низ земјава. Беше отворен конкурс за карикатура на тема „Без партија - без работа”, се одржа и протестна изведба пред Агенцијата за вработување и штабовите на политичките партии, а го лансиравме и веб-сајтот www.employmenttrules.org
 

Се развива ли НВО-секторот во Битола во насоката што ја очекувавте? Постои ли потребната соработка со градските власти, со бизнис-секторот, со државните институции? Каде се најголемите, а каде најмалите пречки во досегашното работење?
Битола има развиен невладин сектор, но не на ниво на коешто јас очекував да биде. Освен неколку организации што работат професионално, другите живуркаат од грант до грант, немаат простории, постојано ангажирани лица и работно време или, пак, претставуваат човек-организација. Токму последните се најголема опасност за НВО-секторот, но за среќа нивниот број е с$ помал, а и донаторската заедница с$ построга кон поддршка на организации без доволно искуство.

Инаку соработката со локалната самоуправа е на квалитетно ниво, иако простор за надградба секогаш постои. Недостига вистинска соработка со бизнис-секторот, и покрај тоа што МКЦ Битола значаен дел од буџетот добива токму од таму. Во секој случај, мал е бројот на компаниите коишто во своите програми имаат предвидено средства за вложување во проекти од граѓански интерес.