„Којничи средби 2003“

Спој на традиција, култура и деловни односи

Од петти до седми ноем­ври, во Велес, тра­дицио­нално се одржа 5-тата меѓународна де­ловно-кул­турна мани­фес­тација “Којнички сред­­би 2003”. Таа со­д­ржеше кул­турни настани, трибини, излож­би, но и саем на мали и средни прет­пријатија од областа на тра­дицио­налната еко­номија. На са­емот се претставија фирми и по­един­ци што се зани­ма­ваат исклучиво со рачна изработка на производи.

Една од темите на која се разго­вараше беше “Можностите за финансирање и кредитирање на мали и средни претпријатија од областа на традиционалната економија”, додека за посетителите, особено интересни беа презен­тациите на кредитните линии на ште­дилницата “Киро Ќучук” од Велес, но и на Македонската развојна фондација на прет­пријатија, кои се наменети за помош на мали и средни претпријатија и поединци што се занимаваат со изработка и продажба на ракотворби.

 Од културните настани, посебен интерес предизвика “Софра Господова”, одржана во манастирот “Св. Димитрија” и изложбата на икони и старо уметничко наследство од Повардарската епархија.                                                      

Д.А.