Запишување во регистарот за здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита при Министерството за труд и социјална политика

Се отвораат нови законски можности за граѓаните

Со последните измени на законот за социјална заш­ти­та од 2004 година дадена им е можноста на здру­же­нијата на граѓани и на физичките лица да можат да вршат работи од областа на социјалната заштита ут­врдени со овој закон (чл. 4 од Законот за изменување и дополнување на законот за социјална заштита, бр.65/2004). Во Министерството за труд и социјална политика отпочнат е процесот на впишу­ва­ње на здруженија на граѓани во регистарот коишто ќе се занимаваат со разни аспекти од областа на со­ци­јалните работи. Документацијата којашто треба да се достави до Министерството за труд и социјална политика, а која ќе биде разгледувана од посебна коми­сија што го доделува овој статус е следната:

-  Потврда од УЈП за платени даноци и други јавни да­вачки;
-  Потврда од Централниот регистар за бонитет на здружението на граѓани
-  Програма за работа за тековната година (2005);
-  Краток опис на нај­мал­ку три проекти од оваа об­ласт коишто ги спрове­ду­ва­ла организацијата (за да се докаже најмалку три­г­одишната работа во оваа област, која е еден од усло­ви­те за стекнување на овој статус);
-  Статут на орга­ни­за­ци­ја­та;
-  Решение за упис во ре­гис­тарот на надлежен суд.

Организациите коишто ќе бидат запишани во Реги­ста­рот на Министерството за труд и социјална по­ли­ти­ка ќе можат да бидат корисници на средства за вр­шење одредени работи од областа на социјалната заштита.

Средствата ќе се доделуваат преку јавен конкурс со доставени пријави од страна на здруженијата на гра­ѓа­ни.

Комисијата за соработка со здруженијата на граѓани ќе ги разгледува само пријавите коишто ги ис­пол­ну­ваат условите согласно со Законот за социјална заш­тита и Правилникот за начинот и постапката за до­де­лување средства на здруженија на граѓани за врше­ње одредени работи од областа на социјалната заштита.

При разгледување на пријавите по јавниот конкурс ќе се имаат предвид следните критериуми, кои се ут­вр­де­ни во Правилникот и ќе се бодираат истите:

1.    од 1-10 бода - соодветноста на предлогот со ба­рањето од јавниот конкурс;
2. 20-30 бода - капацитетот на предлагачот, ис­кус­т­во­то во реализација на проекти од ист или сличен вид, соодветноста на лицата кои ќе учествуваат во ре­ализација на проектот по однос на образованието и работното искуство во областа на социјалната заш­ти­та, поставеноста на контрола  и раководење во имплементацијата на проектот; и,
3. 45-60 бода - поврзаноста на целите на проектот со предложените активности  и резултати и јасно утвр­дени активности и предлогот мерки за одр­жли­вос­та на проектот.

Комисијата при разгледување на пријавата и при ре­а­лизација на проектот, заради утврдување на фак­тич­ката состојба, може да врши непосреден увид во здружението на граѓани, односно пар­т­не­ри­те кои се предложени за реализација на про­ек­тот.

Здруженијата на гра­ѓа­ни, односно изве­ду­ва­чи­те на проектот мора да доз­волат неограничен прис­тап до местото каде се одвиваат ак­тивнос­ти­те на проектот, а нејзи­на­та канцеларија, како и си­те документи кои се поврзани со реализација на проектот мора да & бидат достапни на Комисијата.

Доколку во текот на реализацијата на проектот се кон­статира одредено ненаменско трошење на сред­ства­та, или со реализацијата се согледува дека нема да се оствари целта, или се констатира дека постои сериозно прекршување на Законот за социјална заштита, со друг закон или пропис, Комисијата дава предлог до министерот за труд и социјална политика за прекинување на постапката за финансирање.

Мирјана Алексовска, Министерство за труд и социјална политика
Емина Нурединоска, Македонски центар за меѓународна соработка