Погледи
Добро владеење и еднакви можности
Според мене, неоспорен факт е процесот на созревање на секторот на НВО и граѓанското општество во РМ, а со тоа и стекнувањето поголемо влијание врз општествените текови. Процесот на специјализација на НВО е во тек каде што НВО се фокусираат на конкретни проблеми и активности. За жал, феномените на активностите “mones driven” за стекнување и преземање туѓи проекти и идеи се' уште се и ќе бидат присутни, но и тоа е дел од развојот. Граѓаните за граѓаните од самото формирање и почетната идеја, како и од спроведените активности се фокусира на промовирање принципи и практики што значи добро владеење (гоод говернанце).
Владеење
Наједоставно речено, владеење претставува процес на одлучување и спроведување (или неспроведување) на одлуките. Значи, владеење претставува процес преку кој се донесуваат одлуки и истите се спроведуваат. Треба да се споменат и формалните и неформалните учесници во тој процес .
Едни од учесниците во процесот на владеење се владата и локалната самоуправа. Други неформални учесници во владеењето варираат во зависност од развојот на општествените односи: влијателни земјосопственици, струкови здруженија, невладини организации, истражувачки институти, религиозни водачи, финансиски институции, политички партии, војската и други. На национално ниво уште се вклучуваат и медиумите, разни лобисти, меѓународни донатори, мултинационални корпорации, коишто можат да се јават како клучни одлучувачи или како фактори што влијаат на одлучувањето. Не смеат да се заборават ниту разните криминално организирани групи и синдикати.
Добро владеење
Доброто владеење (гоод говернанце) претпочита применување повеќе принципи: владеење на правото, транспарентност, одговорност, ефикасност и отвореност, учество и вклученост. Примената на овие принципи создава услови за намалување на можностите за корупција, како и за вклучување на малцинствата и создавање услови и маргинализираните групи да го изразат своето мислење во процесот на одлучување. Доброто владеење одговара на моменталните и идните потреби на општеството.
Одговорност
Промовирањето на принципите на добро владеење беше и последната активност иницирана и организирана од Граѓаните за граѓаните како јавна дебата за одговорност на носителите на јавни функции, при што го истражувавме феноменот на одговорност во република Македонија.
И законите и експертите велат дека процедурата за утврдување одговорност е подеднаква како за носителите на јавни функции, така и за обичните граѓани. Покрај кривичната, постои и морална одговорност, како за сторени дела, така и за несторување.
Секој мора да се соочи со одговорноста којашто му следува. Колку е поголема функцијата, толку е поголема и одговорноста, пред се' моралната одговорност. Тука доаѓаме и до концептот на стручност и компетентност. Несоодветните решенија коишто не го задоволуваат овој критериум најверојатно не ја чувстуваат и соодветната тежина и одоговорност.
Реформа на јавната администрација
Јавна и државна администрација. Мораме да ги разликуваме овие два термини, иако и двата се финансираат од буџетот, односно од даноците коишто ги плаќаме. Државна администрација ги обавува функциите на државно управување. Во Македонија државните службеници се во надлежност на Агенцијата за државни службеници и ги има 14.400 од вкупниот број 128.000 вработени во јавните претпријатија. Постоечките институции и организации (синдикатот и агенцијата) ги штитат правата на вработените во администрацијата, но кој ги штити граѓаните? Каде се правата на граѓаните на професионална и ефикасна управа?
Преголемата администрација ја шмука и непродуктивно ја троши акумулацијата на развојната енергија на општеството за исплата на плати. Сметаме дека вработувањата во јавната администрација не се решение на проблемот на невработеност, туку само го продлабочуваат неа. 500.000 евра, колку што е зголемена буџетската потрошувачка за плати во однос на 1998 г., доколку се искористат правилно за ефтини кредити, секако дека можат да поттикнат развоен циклус и да создадат реален економски развој, вработуања и поголем доход во буџетот.
Што можат да сторат граѓаните?
На процесот на одлучување граѓаните влијаат преку свои претставници или директно, особено преку организирани форми и НВО. Само организирани НВО можат да ги охрабруваат процесите и да вршат притисок.
Институт Омбудсман. Во развиените демократии годишниот извештај на омбудсманот будно се следи од јавноста. Секое негативно спомнување во таквиот извештај претставува многу сериозна причина за загриженост на државната и на јавната администрација.
Би посочил некои позитивни и успешни активности: - Граѓански глас за притисок врз Телекомот против покачувањето на цените (сметам дека мора да се продолжи со активностите и тие да се интензивираат) - добар пример за соработка со медиумите; - Пролетна трка штафетен маратон Тетово - Скопје, организирана од ОБСЕ. Тие што не учествуаа пропуштија голема можност за дружење и симболична поддршка на хумани идеи и вредности.
За етничките заедници
Не смееме процесот на соодветна и пропорционална застапеност на етничките заедници да го оставиме како табу-тема. Тоа мора да биде еден отворен и транспарентен процес каде што повторно основен принцип Ќе биде компетентноста и стручноста, на сметка на партиската припадност и лојалност. Повторно се враЌаме на принципот на добро владеење и на принципот на еднакви можности под еднакви услови. Одговорноста на носителите во процесот на одлучување не е само кон оние коишто гласале за нив, туку и кон оние граѓани кои имале поинакво мислење и кон неопределените.
(Заге Филиповски е поранешен извршен директор на Коалицијата „Граѓаните за граѓаните“. За текстот можете да коментирате на веб-страницата на „Граѓаните за граѓаните“, www.c4c.org.mk ).
|