Јавна трибина

Решавање на примарната сообраќајна мрежа во Скопје

Во рамките на проектот за формирање проектна канцеларија која ќе овозможи јакнење на капацитетот за изработка на проекти, подобра обученост на персоналот во Град Скопје, финансиран од проектот за развој на локалната самоуправа на ЕУ Фаре, на 08 јуни, во просториите на Град скопје, се одржа последната, петта, јавна трибина на тема “Решавање на примарната сообраќајна мрежа во централното подрачје на град Скопје”.

Изра­ботената студијата отво­ри јавна дебата за можни решенија за подобрување на квалитетот на ур­­баниот градски со­обра­ќај. Примарна цел е заштита на жителите на Скопје, од еколошки и од економски аспект, а по изготвувањето на законската регулатива за децентрализација и за територијална организација на општините, ќе може  на адекватен начин да се пристапи кон изработката на стратешки проекти за сообраќајот во Скопје. „Ние сме многу задоволни, со оглед дека ја постигнавме целта на Трибината - врз база на студијата за решавање на сообраќајот во Скопје, да поттикнеме изготвување идејни проекти во кои ќе влезат понудените стручни решенија од експертите за сообраќај и забелешките на граѓаните”, истакна Соња Јошева, асистент на координаторот на Проектната канцеларија на Град Скопје. Од Канцеларијата апелираат за поголема трпеливост и претпазливост на граѓаните кои се вклучени во моторниот сообраќај во градот и на пешаците, за да не се создава тензија и застој на улиците и, што е најважно, да се избегнат сообраќајните незгоди. Интересот и наодите од студијата можете да ги видите на proektnakancelarija@yahoo.com

Д.М.