И ЗНМ промовира бесплатна телефонска линија

И неморалните новинари ќе бидат пријавувани

Здружението на новинарите на Македонија, во текот на јули, на одржаната дебата за спречување на корупцијата меѓу новинарите, во Охрид, ја промовира бесплатната телефонска линија 0800 54321, на која граѓаните ќе можат да пријавуваат неморално однесување на новинарите. На оваа прва, од најавената серија јавни дебати во организација на Здружението на новинарите на Македонија, Институтот за трајни заедници и УСАИД, се донесени и други заклучоци што ќе бидат спроведени во новинарскиот кодекс, а е дискутирано и за актуелностите поврзани со недоволната примена на Законот за пристап до информации.

К.Б.