Детски театарски центар

Прашање на агол на гледање

Детскиот театарски центар од Скопје во ноември одржа интеркултурна театарска работилница под наслов “Прашање на агол на гледање”. На оваа работилница, која ДТЦ ја организира во соработка со Француско-германската канцеларија за млади - ОФАЈ и со организацијата “Луѓе и култура”, учеству­ваа млади актери од Македонија, Германија и Франција. Тие, всушност, под раководство и во режија на г. Владимир Милчин, за неполна недела создадоа театарска прет­става која на 8 ноември беше презентирана пред публика, во Младинскиот културен центар во Скопје.

Младите актери зборуваа на повеќе јазици: маке­донски, албански, ромски, турски, германски, фран­цуски, но она што сакаа да го кажат тие, режисерот и организаторите, беше сосема разбирливо: колку и да постојат различни агли на гледање на нештата од групи и поединци кои се разликуваат (по местото на живеење, етничката припадност, културата јазикот…), сепак може да се пронајде суштинскиот заеднички поглед на светот околу нас.

Овој настан беше и во функција на одбе­лежување на годишнината на ОФАЈ, која ја иницираа германскиот канцелар Конрад Аденауер и францускиот претседател Шарл де Гол, непосредно по Втората светска војна, како дел од процесот на помирување на двата народа по големиот вооружен конфликт во кои беа спротив­ставени страни.                                                  

М.И.