ГТЗ
Наследството на Охридското и на Преспанското Езеро
Во организација на Германската организација за техничка помош, објавена е книшката “Наследството на Охридското и на Преспанското Езеро”, која се однесува на природното и на културното богатство на овие две езера во Македонија, во Грција и во Албанија. Книшката е резултат на проектот “Меѓугранична соработка во регионот на Охридското и Преспанското Езеро” на ГТЗ, а е изготвена од локални експерти од трите држави, со помош на германски експерти.
Во оваа книшка можат да се најдат не само описи на наследството на двете езера и нивната околина, туку и мошне корисни информации за да престојуваат туристите заинтересирани во овој регион.
|