Чествување на граѓанските организации во спомен на претседателот Борис Трајковски

Вечен помен за Претседателот

Во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, на 3 февруари 2004 година се одржа чествување на гра­ѓанските организации во спомен на претседателот на Република Маке­донија, Борис Трајковски.

Чествувањето се одржа во орга­ни­зација на НВО Парламентот, Здру­жението на скопјанката „Мајка Тереза“ и Црвениот крст на Македонија, како и други невладини организации.

На чествувањето говореа  Владо Ди­мовски, претседател на НВО Парла­ментот, Стојан Тренчевски, претседател на Здружението „Мајка Тереза“, Јован Дамјановски, претседател на Црвениот крст на Македонија, Љупчо Ефремов од Сојузот на инвалидските заедници на Македонија и други преставници на граѓан­скиот сектор.

Сите тие, за последен пат, му оддадоа почит на починатиот претседател кој и самиот беше дел од граѓанскиот сектор во Маке­донија и кој, како што истакнаа, несебично се зала­гаше за развој на граѓанското општество. Претседателот Трајковски членувал во Здружението „Мајка Тереза“, а оваа година ја добил и истоимената награда на здру­жението.

Чествувањето го проследија и неколку Македонци од дијаспората, пред се од Австралија, кои ги пренесоа изразите на сочувство од Македонците раселени во сите континенти.

Во салата каде што се одржа честву­вањето, на крајот, беше презентирана видеокасета, досега необјавена во јавноста, на примањето на наградата посветена на мирот „У Тант“ на Обе­динетите нации, пред две години. У Тант е поранешен генерален секретар на Обединетите нации, а наградата на претседателот Борис Трајковски му ја предава неговиот личен пријател, духовникот Шри Чин Мои.

Д.М.