„ONCE“ – МЕЃУНАРОДЕН ФОТОГРАФСКИ НАТПРЕВАР
Свет за сите нас
Организацијата „ONCE“ од Билбао, Шпанија, која работи на социјалната интеграција на лицата со посебни потреби, во контекст на Европската година на лицата со попреченост во развојот, го организира Третиот меѓународен натпревар на фотографии под наслов „Свет за сите нас, да ги надминеме пречките“.
На овој натпревар можат да учествуваат сите аматери и професионалци кои можат да ги испратат своите фотографии до седми ноември. Тематиката на фотографиите треба да биде во контекст на насловот на натпреварот. Наградите ќе бидат објавени во текот на ноември, а доделени на втори декември.
За подетални информации заинтересираните можат да се обратат на електронската пошта на „ONCE“: pcul@once.es.
М.И. |