Размена на студентските знаења и искуства

Глобално село во Рамстор во Скопје

„Глобално село” е насловот на манифестацијата којашто во организација на студентската  асоцијација АИЕСЕК се одржа на 23 октомври во ТЦ Рамстор во Скопје, како најава за меѓународната конференција „ЕуроЦо 2006”, која ден потоа беше одржана  во Струга со учество на претставници на 43 земји од Европа, од Азија и од Африка.  Зближување на различни нации на еден простор е концептот на одржување на Глобално село, при што на тој ден беа прикажани културите на претставниците на 39 земји од светот, нивните национални танци, храната, облеката, обичаите и др. „Селото” беше несекојдневна можност за размена на стекнатите искуства и знаења.                       

 К.Б.