Коментар

Продолжуваме со нова енергија

Завршуваме со летните одмори. И, се враќаме со полна енергија да се обидеме да продолжиме да го исполнуваме граѓанскиот свет околу нас со нови активности, да стекнеме нови искуства од новите предизвици што се наметнуват како реалност во престојниот период. Заминуваат многу традиционални донатори, долгогодишни поддржувачи на граѓанскиот сектор во Македонија. Засегнати се многу организации од овој “проблем”, но тоа ќе ни даде нови крила да научиме да бараме алтернативни решенија, може­би да побараме “пазар” и надвор од Македонија, да покажеме дали знаеме, што знаеме и колку знаеме.

Едно е сигурно. Многу домашни организации вртат во друг правец и с$ повеќе се потпираат на домаш­ни­те и сопствените извори на средства. За­кон­ска­та одред­­ба едно граѓанско здружение да може да основа друштво со ограничена одговорност и остваре  ниот профит да го насочува во здружението исклу­чи­во за неговата основна дејност, донациите од ЕАР што обично се реализираат преку одредени мини­стерства, донациите на влади на држави, директно или преку нашата влада, донациите и фондациите на домашните претпријатија и компании, делот од буџетските средства предвидени за граѓански организации и сл., се само дел од алтернативните решенија за опстојување на граѓанските организации во Мак­е­до­нија во наредниов период, без големи турбуленции. Мора да се свртиме кон нив, зашто нема веќе косовска криза, ниту македонска криза, време во кое се слеаја најголем дел од странските донации, време кога голем број македонски здруженија на граѓани се навикнаа да доаѓаат до “лесни” донации. Можеби нема да биде лесно.

Сега е време да ги засукаме ракавите и да ја насочиме нова­та енергија во вистински правец, во правецот на неопходните промени.

 

Даниел Медароски