Апел за заштита на културната сопственост на Израел и на Либан
Покрај човечката трагедија, и културна катастрофа
ЕУРОПА НОСТРА, паневропската федерација за наследство, е репрезентативна платформа на над 200 активни невладини организации за наследство низ Европа
Земјите потписнички на Конвенцијата за светско наследство (1972) се обврзуваат „да не преземаат намерни мерки, кои би можеле директно или индиректно да го оштетат културното и природното наследство лоцирано на територијата на друга земја потписничка на оваа конвенција” (член 6.3).
Додека потсетуваат дека Израел и Либан се договорни страни на обете конвенции, организациите потписнички на овој апел бараат од сите страни вклучени во конфликтот да го почитуваат духот и текстот на овие конвенции, без разлика дали се договорни страни на истите. Покрај тоа, тие итно бараат сите институции на меѓународната заедница да работат брзо со цел да се осигураат дека дипломатските преговори ќе ги прекинат воените судири што е можно побрзо. Тие исто така бараат итни мерки на заштита и реставрација на засегнатите споменици, локации, музеи (и нивните колекции), преку обезбедување, помеѓу другото, пристап до локациите од страна на национални и меѓународни експерти.
Организации потписнички:
1. ЕУРОПА НОСТРА, Паневропска федерација за културно наследство Контакт: Снеска Љуаедвлиег Михаиловиц, генерален секретар, тел. +31 70 302 40 51, imo@europanostra.org, www.europanostra.org.
2. ИЦА, Меѓународен совет на архивите Контакт: Давид Леитцх, постар програмски менаџер тел. +33 1 40 27 61 37, leitch@ica.org, www.ica.org
3. ИЦЦРОМ, Меѓународен центар за проучување на зачувување и реставрација на културна сопственост Контакт: Канцеларија на генералниот директор, тел. +39 06 58 553 1, iccrom@ccrom.org, www.iccrom.org
4. ИЦОМ, Меѓународен совет на музеите Контакт: Јохн Зверефф, генерален секретар, тел. +33 1 47 34 91 61, secretariar@icom.museum.org, www.icom.org
5. ИЦОМОС, Меѓународен совет на спомениците и локациите Контакт: Гаиа Јунгеблодт, директор, тел. +33 1 45 67 67 70, secreteriat@icomos.org, www.international.icomos.org.
6. ОВХЦ, Организација на градовите на светското наследство Контакт: Денис Рицард, генерален секретар, тел. +418 692 0000, сецретариатЖовпм.орг, њњњ.овпм.орг.
За организациите потписнички:
7. ЕУРОПА НОСТРА, Паневропска федерација за наследство ЕУРОПА НОСТРА, Паневропската федерација за наследство, е репрезентативна платформа на над 200 активни невладини организации за наследство низ Европа. Таа е гласот на ова огромно движење на европското граѓанско општество активно на полето на наследството кон засегнатите меѓународни тела, особено институциите на ЕУ, Советот на Европа и УНЕСКО.
ЕУРОПА НОСТРА е посветена на поставување на наследството и неговите придобивки во главната струја на јавната свест и негов приоритет за јавните политики на европско и национално ниво. Негови специфични цели се да промовира, на европско ниво, високи стандарди на квалитет во областа на конзервација на наследството, архитектурата, на урбаното и руралното планирање и да се залага за одржлив развој на урбаната и руралната, изградена и природна околина.
ЕУРОПА НОСТРА ги поддржува националните и меѓународните кампањи за зачувување и спасување на европското наследство изложено на ризик. Таа охрабрува примерни иницијативи во корист на заштита и подобрување на културното наследство преку признавање исклучителни наследни достигнувања, особено преку водење на наградата на ЕУ за културно наследство / награди на ЕУРОПА НОСТРА. На почетокот на 2006 година, ЕУРОПА НОСТРА беше избрана како нова канцеларија за врски за координација на „Денот на европското наследство”, заедничка акција на Советот на Европа и на Европската комисија.
Преку своите разновидни активности, ЕУРОПА НОСТРА сака да ја истакне важноста на културното наследство како основа на европскиот идентитет и како придонес за зајакнување на смислата на европско државјанство.
www.europanostra.org.
|
|