Трибина во Крива Паланка
Поддршка на лицата со интелектуална попреченост
На лицата со интелектуална попреченост мора и треба да им се овозможат добри услуги за грижа и образование, можност да заработат за живеење, да имаат семејство, да учествуваат во различни културни и рекреативни активности, како и права на еднаков третман, без предрасуди, нивно прифаќање во заедницата без дискриминација, беше посочено на трибината организирана од страна на Центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Порака” од Крива Паланка, организирана во нивниот град.
Трибината беше организирана согласно Програмата за спроведување на кампањата „Преку различност, до еднаквост во општеството”, која низ државата ја спроведува Републичкиот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Порака” од Скопје.
Преку девет теми, беа обработени проблемите од локалната самоуправа во врска со децентрализацијата, вработувањето на инвалидизираните лица, здравствената заштита и рехабилитацијата и пензиската и социјалната сигурност на лицата со интелектуална попреченост. Целта на кампањата е преку промовирање и прифаќање на различноста, да се постигне јавната свест во однос на потребите и потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост, нивните основни човекови права и слободи и живот без дискриминација.
МИА
|
|