луѓе: ХАЈРИЈЕ АХМЕД
Уживајте во животот и танцувајте низ него
Професионално искуство: Програмски координатор во Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.
Ангажираност во граѓанскиот сектор: Од 1998 до 2001 година ангажирана во “Сојузот на албанската жена во Македонија”, две години потпреседател на САЖМ - огранок Чаир и од 2002 година вработена во ФИООМ како координатор на програмата “Подобрување на меѓуетничките односи” во Македонија, финасирана од Фондацијата Институт отворено општество, Фондацијата Крал Бодуен и Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот.
Амбиции: Квалитетно, навремено и ефикасно завршување на обврските. Секое ново искуство е добредојдено.
Хоби и интереси: Читање книги, слушање музика, а голем дел од слободното време е посветено на игрите и прошетките со синот. Вниманието ми го задржуваат и активностите на различните граѓански иницијативи, кои се во насока на општо добро.
Во слободното време чита: Во работната соба с$ уште имам многу книги кои ме чекаат да ги прочитам. Последна прочитана книга ми е “Нов живот” од Орхан Памук. Во моментов ја читам книгата “Изгубени во рајската градина” од Божин Павловски.
За време на викенди: Викендите со задоволство ги чекам и тогаш целосно се посветувам на семејните дружења со сопругот и синот. По задолжителното утринско кафе и појадокот, ги завршувам домашните обрски. Остатокот од времето се трудам да го поминам во надополнување на сите пропуштени работи во текот на работната недела.
Најтешка одлука: Сметам дека најголем дел од одлуките во животот ми биле правилни. За сите нешта, планирани или непланирани, лоши или добри, си велам: “ЗДРАВЈЕ.... тоа е тоа, с$ ќе се среди и ова е искуство за понатаму”.
Кој национален (локален) проблем го смета за особено важен: Живееме во држава која е во транзиција и на која & треба и поддршка од самите нас - граѓаните. Тука ја гледам поврзаноста и соработката на владиниот и невладиониот сектор бидејќи за градење успешно, демократско и стабилно граѓанско општество сите заедно треба да придонесеме, секој во рамките на својата надлежност. Иако свеста и желбата уште не се разбудени максимално, верувам дека можеме и сакаме подобри нешта. Економско-социјалната состојба на граѓаните, исполитизираното општество, меѓуетничката нестрпливост, корупцијата, а пред с$, невработеноста”.
Кој глобален проблем го сметате за особено важен, и зошто: Тероризмот и воените конфликти, како стагнација во развојот на човештвото.
Што би променила во Македонија и во светот: Да нема војни, конфликти, луѓето с$ повеќе да се сакаат и да се почитуваат меѓу себе, без разлика на етничката и верската припадност. Посакувам Македонија за краток временски период да ја видам како членка на ЕУ.
Совет (порака): Уживајте во животот и танцувајте низ него. Почитувајте го туѓото мислење, но не е задолжително секогаш и во секое време да ги прифатите туѓите ставови”.
|