БАЛКАН

 
Регионална соработка меѓу црковните и нецрковните граѓански организации

На Форумот на Светскиот црковен совет (WCC) - Екуменско партнерство на југоисточна Европа (SEEEP) кој се одржа од 17 до 20 ноември во Боровец, Бугарија, се собраа повеќе од 25 претставници од црквите и од црковните и нецрковните организации, да разговараат за досегашните достигнувања и идните активности на SEEEP.

WCC - SEEEP е основан во 2000 година со цел да ја промовира координацијата и сора­ботката меѓу црквите, црковните орга­низации и останатите партнери во регионот на југоисточна Европа. Неговите полиња на десјтвување се мир и помирување,  заштита на бегалците и внатрешно раселените лица, репатријација и интеграција и градење капацитети и др. Партнерите работат заедно со цел поефикасно да одговорат на потре­бите, и да промовираат траен придонес кон мирот, развојот и интеграцијата во регионот.

За повеќе информации посетете ја стра­ницата:

www.wcc-coe.org/wcc/europe/seeypo-e.html

Г.Ш