ГЕРМАНИЈА
Усвоена декларација за подобра интеграција на мигрантите
На конгресот што под наслов „Интеграцијата на странците и нивно учество во европските градови“ беше одржан на крајот на септември во Штутгарт, во организација на Советот на Европа е усвоена декларација за подобра интеграција на мигрантите.
Декларацијата ги поставува принципите за успешна паневропска политика за интеграција на мигрантите во градовите. Во неа е истакнато дека во примената на Конвенцијата на Советот на Европа од 1992 г., право на глас на локалните избори треба да им се даде на сите законско присутни имигранти, дека мигрантите треба да учествуваат во културниот, општествениот, политичкиот и економскиот живот и дека основањето локални консултативни тела на странците е добар начин за подобрување на локалната демократија.
Г.Ш.
|